Германска разузнавачка агенција шпионирала 50 странски новинари

На 24 февруари 2017, Spiegel Online објави текст во кој се вели дека германската разузнавачка агенција (Bundesnachrichtendienst, BND) наводно следела најмалку 50 телефонски и факс броеви или е-мејл адреси на новинари или редакции во целиот свет од 1999 до денес.

Според документите доставени до Spiegel, помеѓу нив се BBC во Авганистан и Лондон, New York Times во Авганистан, како и мобилните и сателитските телефони на новинската агенција Reuters во Авганистан, Пакистан и Нигерија. Spiegel Online не ја споменува природата на новинарската работа и времетреањето на следењето.

Минатиот октомври, германскиот Бундестаг донсесе нов закон за BND кој не вклучува изземање на странски новинари. Законот дозволува, на пример, BND да следи странски новинар доколку весникот добие доверливи информации кои германските власти ги сметаат за чувствителни. Европската федерација на новинари, заедно со своите германски партнери-  Deutscher Journalisten-Verband (DJV) и DeutscheJournalistinnen- und Journalisten-Union in ver.di (dju in ver.di) побараа од германскиот Бундестаг да се повлече од ревизијата на Bundesnachrichtendienst.

За случаите е известена платформата за заштита на новинарството на Советот на Европа.