Дуња Мијатовиќ до новинарите: „Не се предавајте; не се откажувајте“

Дуња Мијатовиќ, Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, заминува од својата функција во петок, на 10 март. Европската федерација на новинари (ЕФЈ) повторно го испраќа својот повик – содржан во писмо од 16 февруари 2017 – да се одрж континуитет на Канцеларијата на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. ЕФЈ, како и многу медиумски организации, силно верува во високата вредност и значењето на оваа Канцеларија.

Дуња Мијатовиќ денес го даде својот последен говор за време на презентацијата на нејзиниот конечен извештај пред Постојаниот совет на ОБСЕ. Таа се наврати на седумте години изминати на функцијата и ја истакна потребата од зголемена политичка поддршка на канцеларијата. Таа го заврши говорот со повик за обединување на новинарите и медиумите во целиот свет.

Ќе дојде ден кога нема да има новинари во затвор, кога сите напади ќе подлежат на истрага и сторителите ќе бидат казнети.

Но, тој ден сè уште не е дојден!

Авторитетот и влијанието на оваа канцеларија не е илузија. Тој е утврден во Мандатот кој вие го напишавте и кој е моја задача да го спроведам. Ваша задача е да го заштитите тој Мандат и да обезбедите дека Претставникот, кој и да биде, може да работи со целосна сигурност дека ќе биде поддржан од сите држави. Одлуката да се поддржи оваа институција е во ваши раце. Граќанските и медиумските организации ќе следат што ќе се случува по полноќ во петок кога ќе заврши мојот мандат. Овие изминати седум години беа неверојатно патување исполнето со големи предизвици, големи одговорности, големи награди и големи ризици – за мене и мојот персонал. Но сакам да ја изразам својата благодарност за оваа неверојатна можност и за вашата поддршка бидејќи, како што знаете, минав низ процесот на консензус три пати досега и тоа е знак за башата посветеност да најдете репенија и да обезбедите континуитет на оваа важна и видлива институција.

 (…)

Се надевам дека мојот наследник ќе продолжи да го гради она што го започна првиот претставник, Фреимут Дуве, а го продолживме Миклос Харасти и јас. Исто така се надевам дека мојот наследник ќе биде силен, независен и јасен глас за слободни медиуми и слободно изразување низ целиот регион на ОБСЕ. Сакам да завршам со порака до сите новинари и членови на медиумите. Не се предавајте; не се откажувајте. Вечната будност  е цената на слободното новинарство.