Здружено против дезинформациите

Триесет и седум француски и меѓународни медиуми, со поддршка на Google и меѓународната медиумска мрежа First Draft, ја започнаа “CrossCheck”, заедничка платформа за утврдување факти со цел да се разоткријат лажни информации кои би можеле да влијаат на француските претседателски избори оваа пролет.
Порталот им овозможува на партнерите да ги здружат силите во разоткривање на лажни информации и објавување статии со проверени факти, објасни директорката на First Draft, Џени Сарџент.
„Интересно ни е што ќе имаме можност да соработуваме со други реакции бидејќи целата таа работа ја вршиме сами, а само една редакција не може да одговори на сè што кружи“, рече Ендриен Сенекат од Le Monde.
Замислено е проектот да трае додека трае кампањата за претседателски избори, но може да биде и продолжен доколку се покаже како успешен.
Помеѓу партнерите се големи национални и регионални дневни весници како што се Liberation, Le Monde, Les Echos, списанија, информативни портали, агенцијата AFP, Google и Facebook. Од меѓународните медиуми учествуваат Channel 4, BBC News и Bloomberg.
CrossCheck ќе објавува статии со поправени информации кои ќе бидат потврдени од барем две редакции.