Како да останете безбедни додека покривате насилни протести

Последните напади врз новинарите за време на протести значи дека е право време да се анализираат ризиците со кои се соочени новинарите додека покриваат демонстрации или репресивни безбедносни сили. Ви пренесуваме совети од новинарот Хорхе Луис Сиера Статијата беше првично објавена од Periodistas en Riesgo .

Не одете сами

Првиот ризик е тоа што новинарите често ваквите настани ги покриваат сами и на неорганизиран начин. Фактот што имате многу колеги во близина нема да ви помогне доколку одите сами без никаква координација.

Второ, новинарите кои користат мобилни телефони за сликање или емитување во живо се принудени да се приближат колку што е можно поблиску до потенцијално насилни сцени – како и до оние кои може да поттикнат такво насилство.

Непријателски настроени актери

Трето, оние кои може да извршат насилство имаат тенденција да бидат понасилни кон новинарите (тренд кој е евидентен во Мексико но и на многу други места). Во текот на “gasolinazo” протестите во јануари, како и за време на блокадите на автопатите од страна на наставниците во 2016 година кои протестираа против одредени образовни реформи, радикални групи (или безбедносните сили кои имаа задача да ги контролираат) беа екстремно насилни врз новинарите. Се случи дури и убиство на Elidio Ramos Zárate, кој беше убиен од маскирани лица неколку часа по известувањето од блокада на автопат во јужно Мексико.

Како во случајот со Ramos, некои новинари беа нападнати часови или денови по покривањето на инциденти на репресија, особено доколку протестантите се убивани од страна на полицијата.

Непромислени одлуки

Новинарите стануваат поранливи доколку нивните уредници носат одлуки далеку од местото на настанот, и без потребните информации за да направат соодветна проценка на нивото на ризик. Во овие случаи, ризиците доаѓаат од непромислените одлуки кои уредниците ги носат надвор од контекстот, што бара одреден вид на извесување без да се измерат реалните ризици со кои ќе бидат соочени нивните новинари.

Неосигурани новинари

Друг проблем се економските прашања. Многумина покриваат протести како независни новинари без каква било институционална врска со медиумска организација која би можела да ги поддржи. Во најголем број случаи дури и фриленсерите немаат здравствено осигурување.

Секоја ситуација е различна, и секој новинар и редакција мора да носат одлуки врз основа на условите и ризиците кои ги наметнува ситуацијата. Сепак, според искуствата на новинарите кои покривале немири, насилни протести или акти на полициска репресија врз толпите, постојат многу малку безбедносни мерки кои новинарите можат да ги применат.

Основни мерки за безбедности при покривање протести

  • Усвојте безбедносни протоколи за секоја ситуација. Новинарите треба да излезат на терен со протоколи кои се усвоени и договорени со нивниот уредник и тимот. Доколку независен новинар нема поддршка од редакција, тој/таа треба да работи со други фриленсери и/или колеги.
  • Кога е можно, планирајте известувањето да биде колку што е можно подетално. Тоа идеално би вклучувало претходна проверка на областа од која треба да се известува. Кога новинаритеза прв пат одат на одредена локација, треба да направат брза проверка и да ги идентификуваат рутите за бегство и местата на кои ќе можат да се заштитат во случај да дојде до насилство. Таквата проверка треба да вклучува индентификување на повисоки места од кои ќе можат  да сликаат или снимаат.
  • Внимавајте на насилнииците и нивните политички, верски, економски или културни мотиви. Новинарите треба да знаат – колку што е можно подетало – кои актери ќе реагираат најагресивно на новинари и како би можела да изгледа таа агресија.
  • Сами одлучете во кои околности треба да носите идентификација или елеци кои јасно ќе ве идентификуваат како новинар. Како општо правило, најчесто е најдобро да се идентификувате како новинар, но во некои случаи тоа може да поттикне повеќе насилство. Во секој случај, секогаш треба да ги носите картичките за идентификација во случај да биде неопходно да ги искористите.
  • Двонасочната комуникација со редакцијата мора да биде постојана. Новинарите на терен треба да носат полни, надворешни батерии за нивните мобилни телефони. Доколку е можно, новинарите може да носат и дополнителен мал телефон кој ќе се користи само за повици – не мора да биде паметен телефон.
  • Избегнувајте контакти со групи кои промовираат насилство или безбедносни сили кои се подготвуваат да применат мерки за сузбивање на толпата. Кого околностите го дозволуваат тоа, се препорачува да држите растојание од најмалку 10 до 15 метри од оние кои се закануваат дека ќе користат насилство. Доколку можете да им пристапите на овие лица на контролиран начин, осигурајте се дека таквите средби да бидат брзи и оранизирани. По секоја цена избегнувате да се најдете во судир помеѓу ривалски протестанти или помеѓу протестанти и безбедносни сили.
  • Директните емитувања на Facebook правете ги во тимови од двајца или тројца. На тој начин, барем едно лице може да внимава што се случува во околината и да го чува грбот на другите. Доколку дојде до насилство, новинарот треба да го запре емитувањето доколку е загрозена неговаат/нејзината безбедност.
  • Интервјуата со протестантите или други актери треба да се прават на агол на улица, така што лицето кое се интервјуира да биде допрено до ѕид. Новинарот мора да може да следи што се случува околу нив.
  • Во случај на престрелка или пукање врз протестантите, новинарите треба да бидат обучени да легнат, да се засолнат, да препознаат дали навистина слушаат истрели од огнено оружје и да го идентификуваат изворот и оние кои пукаат. Новинарите треба исто така да ги следат овие чекори и во случаи кога се пука со гумени куршуми. Тие можат да бидат смртоносни или да предизвикаат сериозни последици доколку погодат во око.

 

  • Не користете мокра облека во случај на напад со солзавец, бидејќи некои супстанци на солзавецот лошо реагираат со вода. Новинарите во Јужна Африка, на пример, користат лубрикант за кондоми за да го изришат лицето доколу дошле во контакт со солзавец.

Други клучни ресурси:

Jorge Luis Sierra е наградуван новинар од Мексико и уредник и експерт за дигитална безбедност. Повеќе за неговата работа може да прочитате тука.