Курсеви, стипендии и конкурси во март

Сакате да стекнете нови вештини или да добиете признаение за вашата работа? Погледнете ги овие курсеви, стипендии и конкурси со краен рок за аплицирање во март. Секој од нив е отворен за новинари од целиот свет.

Стипендија на БИРН     Рок: 8 март

Доколку имате идеја за голема приказна и сакате да ја напишете според највисоките новинарски стандарди, со квалитетно уредување и буџет за трошоци за длабинско истражување, а таа да биде објавена во различни регионални и глобални медиуми, аплицирајте за Балканската стипендија за новинарска извонредност.

Persephone Miel Fellowship Рок: 1 март

Новинарите надвор од САД кои сакаат да известуваат за глобалната криза за која недоволно се известува во американските медиуми можат да аплицираат за грант од 5000 долари кој го доделува Пулицер центарот за известување за кризи (Pulitzer Center on Crisis Reporting). Особено се поттикнуваат жените новинари да аплицираат. За повеќе информации, кликнете тука.

Anja Niedringhaus Courage in Photojournalism Award Рок: 1 март

Меѓународната медиумска фондација на жените (International Women’s Media Foundation) е дава награда за жена фоторепортер која ќе покаже исклучителна цврстина на карактер, храброст и истрајност во документирањето на светот. Покрај 20 000 долари парична награда, победникот ќе добие признание на годишната церемонија на IWMF  во јуни во Вашингтон. За повеќе информации, кликнете тука.

The Dag Hammarskjöld Fund for Journalists fellowship Рок: 20 март

Новинарите од земјите во развој можат да аплицираат за оваа стипендија, која нуди целосно покривање на трошоците за известување од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Стипендистите ќе добијат можност да остварат професионални контакти, да разговараат со искусни новинари и да стекнат поширок поглед за глобалните прашања. За повеќе информации, кликнете тука.

World Nomads travel writing scholarships Рок: 21 март

World Nomads нуди покривање на сите трошци за 10-дневно патување низ Балканот за студенти и непрофесионални писатели. Патувањето започнува со тридневна работилница во Црна Гора, која ќе ја води новинаротTim Neville; оттаму, учесниците ќе патуваат на повеќе дестинации сами, документирајќи ги нивните искуства. За повеќе информации, кликнете тука.

The Andrei Stenin International Photo Contest Рок: 22 март

Фоторепортери на возраст од 18 до 34 години можат да се пријават на овој конкурс, организиран од Rossiya Segodnya и Руската комисија за УНЕСКО  (Russian Commission for UNESCO). Категориите вклучуваат вести, спорт, портрети и друго. Добитникот на главната награда ќе добие 500.000 РУБ (8.185 долари), а наградите за прво, второ и трето место се 50.000 РУБ (819 долари), 35.000 РУБ (491 долар) и 25.000 РУБ (409 долари), соодветно. За повеќе информации, кликнете тука.

Radio Nederland Training Center scholarships Рок: 29 март

Netherlands Fellowship Programmes имаат целосни стипендии за новинарите од земјите во развој кои нудат можност за посета на курс во Radio Nederland Training Centre во Холандија. Покриени се сите трошоци за пат, сместување и цената на курсот. За повеќе информации, кликнете тука.

DW Akademie scholarships Рок: 31 март

Младите новинари, медиумски менаџери и други комуникациски професионалци можат да аплицираат за стипендија за магистратура по Медиумски студии во Бон, Германија.Програмата на DW Akademie комбинира истражување, предавања и практична работа. Десет целосни стипендии се достапни за апликанти од Африка, Азија, Америка или Источна Европа. За повеќе информации, кликнете тука.