Масовно приведување на новинари во Белорусија

Во Белорусија, приведувањето на новинари заради покривање на масовните протести против данокот за невработени зема непропорционални размери. Контроверзниот закон наречен „закон против општествените паразити“ со кој се бара лицата кои работат помалку од 183 дена годишно да ѝ плаќаат на владата 250 долари годишно поттикна масовни протести во земјата. Политичките активисти и новинарите кои ги покриваа овие протести беа тепани и приведувани од локалните власти.

Денес (27/03/2017) продолжува масовното приведување на новинари низ целата земја. Од петокот, 24 март 2017 година, полицијата приведе уште 55 (вкупно околу 90 новинари) новинари. Редоследот на случувањата е следен:

Во петок, 24 март:

  • 4 новинари Алес ЗалеускиХалина АбакунчикКристина Бердинцкики Гуливер Крег беа приведени од полицијата додека известуваа за донациите за приведените во канцеларијата на Зелената партија. Беа ослободени по еден час.
  • 4 новинари Марина Драбишеускаја,Мариа БулавинскајаЈаухен Меркис и Сиарјеи Лиапин беа предупредени од обвинителството да не го поддржуваат телевизискиот канал Белсат.

Во сабота, 25 март:

  • 26 новинари беа приведени во Минс додека ги покриваа протестите. Повеќете беа ослободени во рок од три часа, Џианис Ивашин, Александр Баразенка и Марина Кастилианчанка беа задржани во притвор до судење.
  • 4 новинари Волха Морва(француски државјанин), Катсиарина БакхвалаваВолха Давидава и Ихар Илјашин беа претепани од полицијата додека ги покриваат протестите во Минск. Британскиот граѓанин Филип Ворвик беше претепан и приведен од полицијата на 6 часа, при што не ми беше дозволени да ја контактира Амбасадата.
  • 4 новинари Алена Бичкова,Иван ЈаривановичАлена Херманович  и Лариса Шчиракова беа приведени во Хомел, додека известуваа за протестите. Беа ослободени истиот ден.
  • 3 новинариВолха ЧаичитсАндреи Козел и Артсиом Сизинтсау беа приведени во Витебск додека известуваа за протестите. Првите двајца беа ослободени по три часа.

Во недела, 26 март:

  • 3 новинари Алиаксеи Минчонак Алес Залеускии Раман Пратасевич беа приведени во Минск додека ги покриваа протестите. Првите двајца беа ослободени истиот ден.
  • 3 новинари Павел ЛевинауКанстантсин Мардзвинтсау и Леанид Светскикбеа приведени во Витебск додек известуваа за протестите и задржани во притвор до судење. Тие се обвинети за прекршување на член 23.34 од Кодексот на административни прекршоци. Новинарот Артем Сизинтсавим беше исто така приведен во Витебск и задржан до судење.
  • Андреи Кукхарчик беше приведен во Бресѕ додека ги покривал протестите. Беше ослободен истиот ден.
  • Алена Херманович беше приведен во Хомел додека известувала за протестите. Беше ослободена истито ден.
  • 7 новинари беа приведени во Бабрујск додека ги покриваа протестите. Сите се ослободени истиот ден, иако на новинарот Џианис Носау му беа одземени камерата и флеш-картичките.
  • Ихар Казмерчак чека судење откако беше приведен и обвинет за прекршување на член 23.34 од Кодексот на административни прекршоци во Орша.
  • Управна постапка беше започната против Тамара Шчапиоткина во Биароза поради тоа што член 22.9 забранува придонес кон странски масовни медиуми без акредитација.

 

Денес новинарите чекаат судења низ целата земја. Рочиштето против Алиаксандр Баразенка, новинари на ТВ каналот „Белсат“ започна денес во Минск. Тој е обвинет за насилничко однесување, и покрај неговото тврдење дека само известувал за протестите. И покрај видеото од приведувањето, на кое се гледа дека новинарот не пцуе и само изјавува дека е новинар кога му пристапува полицијата, Баразенка е осуден на 15 дена затвор.

Друго рочиште против Џианис Ивашин започна денес. Одбраната откри дека записникот во предметот е различен од копијата од записникот која ја поседува Ивашин. Неговите адвокати веруваат дека доказите се лажирани.

Марина Кастилианчанка денес беше изведена пред судот во Минск. На 25 март, полицијата изврши претрес во нејзината куќа. Таа е обвинета за прекршување на член 23.4 од Кодексот на административни прекршоци (спротивставување на полиција). Кастилианчанка е осудена на 15 дена затвор.

Рочиштето против блогерот Раман Пратасевич започна денес во Минска. Тој е обвинет за насилничко однесување. Судијата одби да го гледа видеото, на кое се гледа дека новинарот не пцуе и не мафта со рацете. Пратасевич е осуден на 10 дена во затвор.

Канстантсин Марџвинтсау и Леанид Светсик излегоа пред судот во Витебск денес. Тие се обвинети за прекршување на член 23.34 од Кодексот на административни прекршоци (учество во неовластени активности). Светсик е осуден на 15 дена во затвор.

Уште едно рочиште започна денес во Витебск против радискиот новинар Артем Сизинтсавим. Тој е осуден на 10 дена во затвор.

Целосна листа на приведени новинари може да се најде на интернет страницата на Здружението на новинари на Белорусија (англиска верзија).