Медиумите не можат да бидат слободни доколку женските гласови се замолчени

На 8 март 1977 година Обединетите нации го востановија Меѓународниот ден со кој се одбележува борбата за правата на жените. Денес, 40 години подоцна, кога се повеќе жени новинарки се изложени на дискриминација во однос на работните обврски, во плати, кога се изложени на психичко, физичко, а во последниве години и на интернет малтретирање наша одговорност како Синдикат и како новинари е да го подигнеме гласот за родова еднаквост. Ако работничките на Newsweek пред речиси половина век први во историјата поднеле тужба против дискриминација, не смееме да дозволиме во 21-от век да ни недостасува храброст и солидарност. Медиумите не можат да бидат слободни доколку женските гласови се замолчени. Затоа ССНМ дава поддршка и му се приклучува на Маршот за женски права, во организација на Платформата за родова еднаквост. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување!