Награда за истражувачкото новинарство

Централната европска иницијатива (ЦЕИ) и Медиумската организација за Југоисточна Европа (СЕЕМО), во специјално партнерство со Медиумската програма за Југоисточна Европа на Конрад-Аденауер-Штифтунг (КАС), објави повик за апликации за 2017 година за Наградата за извонредна заслуга во истражувачкото новинарство на ЦЕИ СЕЕМО. Повикот е поделен на две категории: „Професионални новинари“ (4.000 евра) и „Млади професионални новинари“ (1.000 евра).

Наградата оддава почит на работата која ја вршат истражувачките новинари и нивниот придонес во истражувачкото известување и покрај тешките услови во кои тие работат. Од своето основање во 2008 година, ЦЕИ СЕЕМО наградата има дадено голем придонес кон промовирањето на квалитетно истражувачко новинарство во Централна, Источна и Југоисточна Европа, давајќи признание и видливост на работата на истакнати новинари од регионот. Кандидати од Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина се добредојдени да аплицираат.

Меѓународна комисија составена од новинари и медиумски ескперти од регионот ќе ја оценуваат релеватноста на прашањата покриени со новинарската работа (која треба да ги има во својот фокус целните земји), квалитетот на известувањето во однос на документирање, податоци, пишување и продукција, како и влијанието на пренесената порака врз општеството.

Наградите ќе им бидат врачени на победниците за време на Медиумскиот форум на Југоисточна Еврпа (СЕЕМФ) кој ќе се случува во Софија, Бугарија на 27-28 ноември 2017 година.

Краен рок за апликациите е вторник, 31 мај 2017 година (23.59 CEST). Апликациите поднесуваат онлајн и постапката е објаснета тука.

За повеќе информации: press@cei.int