Новинар осободен, намалени казните на свиркачите

Судот во Луксембург на 15 март 2017 година им ги намали казните на двајцата свиркачи вмешани во таканаречената афера LuxLeaks. Антоан Делтор е осуден на шест месеци условно и на 1500 евра парична казна, додека Рафаел Халет на парична казна од 1000 евра. Новинарот Едуард Перин е ослободен од вина.
„Пресудата остава горчлив вкус. За прв пат Делтур е сфатен како `свиркач`, а Едуард Перина како `одговорен новинар`, како што го бранеше и ЕФЈ. Но пресудата за Антоан Делтур и Рафаел Халет е скандалозна. Докажано е дека делувале во јавен интерес. Ниту Едуард Перин, ниту Антоан Делтор ниту Рафаел Хале не смееја да бидат обвинети“, рече Главниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) Рикардо Гутерез, оградувајќи се од контрадикторната пресуда.
ЕФЈ ја поздрави претходната одлука за ослободување на Перин, но предупреди дека пресудата би можела да испрати погрешна порака до потенцијалните свиркачи и да има негативни последици по истражувачкото новинарство. Да се потсетиме, Делтор и Халет тогаш добија по 9 и 12 месецеи условна казна за предавање илјадници документи на PricewaterhouseCoopers (PwC) и Перин. Обајцата ја обжалија пресудата.
ЕФЈ ја повикува Европската комисија што побрзо да донесе нацрт директа со која ќе се гарантира заштита на свиркачите и ги повикува граѓаните на Европа да се вклучат во јавната расправа која ја поттикна Комисијата. „Таа одлука јасно ја покажува потребата за легислатива на европско ниво“, додаде Могенс Блишер Бјерегард, претседателот на ЕФЈ, „за да се заштитат сите работници во сите сектори, вклучувајќи ги и новинарските извори.“

Петицијата за заштита на свиркачите во цела Европа може да ја потпишете тука