Поддршка за македонските новинари во штрајк

Синдикатите на новинари на Црна Гора, Хрватска и Србија изразуваат целосна солидарност и поддршка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на новинарите на Утрински весник, Дневник и Вест , трите дневни весници на фирмата Медиа принт Македонија кои се во штрајк од 17 февруари 2017 година заради неисплатени плати, придонеси и хонорари, како и заради избегнувањето на управата да им даде основни информации за состојбата и плановите за опстанок на фирмата.

Маријана Цамовиќ ,Синдикат на медиуми на Црна Гора

Како и другите во регионов и новинарите на МПМ се еден од примерите на искористување на медиумите во транзициските земји за остварување на економски и политички цели на центрите на моќ, а се под закрилата на ширењето на демократијата во земјите од Југоисточна Европа.

Спрегата на сопствениците на медиумите и политичката елита на локано, но и на пошироко европско ниво повеќе се грижеше за својот профит и наметнување на своите политички цели, а помалку за правото на јавноста во тие земји да биде информирана за битни теми. Медиумските сопственици од западните земји не ги донесоа очекуваните промени.

Драгана Чабаркапа, Синдикат на новинари на Србија

И фирмата МПМ до пред некоја година беше во сопствеништво на германската корпорација ВАЦ чие што сопствеништво на медиуми се протегаше од Бугарија, Србија, Црна Гора па и пошироко.

Откако ги реализираше своите цели ВАЦ се повлече и од Македонија и од регионов и зад себе остави главно исцрпени медиуми, и покрај фактот што во неговата управа беа силни политички имиња – од Бодо Хомбах, некогашен специјален европски координатор на Пактот за стабилност за југоисточна Европа, а потоа и член на управата на ВАЦ па се до денешниот сопственик и управител на МПМ Срѓан Керим кој беше шеф на дипломатија и кандидат за генерален секретар на ООН.

Атнон Филиќ, Синдика на новинари на Хрватска

По заминувањето на ВАЦ, МПМ менуваше сопственици, главно богати македонски тајкуни, но праксата остана иста – управата одбегнува примена на социјален дијалог и вистинските демократски начела во односот со своите новинари.

Затоа, со оглед на сличните транзициски искуства и состојбите во медиумите синдикатите на новинарите на Црна Гора, Хрватска и Србија во потполност ја разбираат тешката положба на македонските колеги и колешки и ги поддржуваат во нивната борба за основно човеково право да бидат платени за својата работа и да го одбранат своето човечко и професионално достоинство.

 

Синдикат на медиуми на Црна Гора

Претседател Маријана Цамовиќ

Синдикат на новинари на Србија

Претседател Драгана Чабаркапа

Синдикат на новинари на Хрватска

Претседател Антон Филиќ