Прекинат е штрајкот во МПМ

Со префрлањето на платата за јануари штрајкувачниот одбор на Дневник и Утрински весник, заедно со штрајкувачкиот одбор на Вест, донесоа одлука за прекин на штрајкот
ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и натаму е критична и очекува од менаџментот да извлече поуки од речиси четири неделениот прекин на работата.

Штрајкот е најнепосакуваното оружје на синдикалната борба од која никој не може да излезе како победник. Затоа очекуваме дека одлуката за негов прекин ќе биде разбрана како израз на добра воља во интерес на сите и мотив за востпоставување сериозен социјален дијалог во интерес и на сопствениците и на вработените кој ќе спречи сцените на протести и штрајк да не се повторуваат и во иднина.