Прирачник за авторски права

Новинарите и медиумските работници треба да работата во јавен интерес и како такви тие во демократските општества мора да бидат препознаени и да имаат статус на јавно добро. Нивните авторски права мора да се почитуваат и нивната работа правично да се наградува.

За жал, во Македонија без исклучок спротивно на меѓународните и националните закони, новинарите и медиумските работници потпишуваат договори во кои се бара тие да се откажат од нивните авторски права, вклучувајќи ги и економските и моралните права.

Овие договори бараат од нив  да:
– му го отстапат на издавачот ексклузивното право на користење, репродукција, прикажување, изменување и дистрибуција на неговото/нејзиното дело во сите видови платформи, познати или идни, во целиот свет;
– му дозволат на издавачот да ги пренесе нивните дела на трети лица без дополнителен надомест на авторот и да ди користи нивните дела на начин на кој издавачот смета дека е неопходно.

 Македонија не е исклучок кога станува збор за непочитување на авторските права на новинарите и медиумските работници. Ова е растечки тренд и во медиумите во светот што предизвикува загриженост кај Меѓународната и Европската федерација на новинари.

Овие две најголеми новинарски организации кои обединуваат  600 илјади новинари од 140 земји започнаа европска кампања против непочитувањето на авторските права за новинарите и медиумските работници.

Таа почива на фактот што авторските права се заштитени со меѓународни договори и национални закони. Овие права не ги вклучуваат само економските права (правото на заработка од креативна работа) на авторите, туку и нивните морални права. Моралните права се загарантирани во националните закони.

Моралните права се дефинирани во меѓународни договори и националните закони. Па така еден член  од Бернската конвенција за заштита на литературни и уметнички дела предвидува дека:„…авторот има право да бара авторство врз делото и да се спротивстави на какво било изобличување, уништување или друго видоизменување на, или друг вид навредливо однесување во врска со, споменатото дело, што би било штетно по неговата чест и углед.“

Новинарите и медиумските работници кои потпишуваат договори кои бараат тие да се одречат од нивните права не само што автономно го губат правото на нивните дела, туку ги губат и (моралните) права на заштита на интегритетот на нивните дела

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како членка на Меѓународната и Европска федерација на новинари се приклучува во борбата за заштита на авторските права на своите членови и бара во Договорите за вработување на своите членови или во идниот Колективен договор за кој се залага да бидат вклучени клаузули  кои предвидуваат  дека:

1) Сите авторски права во делото остануваат кај авторите кои ги задржуваат нивните ексклузивни права. Дозволата дадена за публикација или емитување на делото ќе биде ограничена единствено на првата публикација/емитување. Освен доколку не постои изричен писмен договор кој го утврдува спротивното, дозволата истекува во одреден период утврден со националниот закон по датумот на испорака. Издавачот/емитувачот не смее да ги користи копиите од делото без дозвола на авторот по истекувањето на дозволата.

2) Какво било видоизменување на делото е предмет на претходно овластување од авторот.

3) Издавачот/радиодифузната компанија се согласува дека следната реченица (име на автор, датум) ќе биде содржана во секоја публикација или емитување/публикување на материјалот.

Прирачникот за авторски права за новинари на Европската федерација на новинари е подготвен со цел да даде одговори на многу прашања поврзани со авторските права на новинарите и медиумските работници, независно дали работат во печатени медиуми, радио, телевизија или новинска фотографија, и да даде решенија за проблемите со кои тие се соочуваат на национално и меѓународно ниво. Целиот прирачник можете да го симнете ТУКА