ПРИРАЧНИК: ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Интернетот денес е неопходна алатка на новинарите. Но дигиталното опкружување носи и опасност за приватноста и безбедноста, оттаму безбедноста на интернет е клучно прашање за новинарите.
Новинарите мора да научат како да ги заштитат податоците и изворите затоа што со малициозен сајбер напад тие можат да бидат следени, компромитирани или уништени.
Со цел да им помогне на своите членови како да ги заштитат своите стории и извори ССНМ преведе прирачник за Основи на дигиталната безбедност објавен од страна на Фондација SHARE.
Во него се наведени основни правила и алатки за безбедно пребарување, енкрипција, добри и лоши практики на интернет безбедност како и елементарни ресурни кои му се потребни на новинарот за да ги прилагодува своите безбедносни механизми на најсовремената технологија.
Се решивме за овој Прирачник кој е наменет за сите корисници на интернет бидејќи за него не се потребни дополнителни познавања од областа на дигиталната технологијата и ќе служи како почетна точка на патот кон безбедноста и приватноста на интернет.

Прирачникот е достапен ТУКА