Продолжува штрајкот во МПМ

Со симболично делење на јубилејниот пет илјадити број на весникот Вест од страна на штрајкувачкиот одбори на Вест Утрински и Дневник денеска се одбележува петтиот ден од штрајкот на новинарите во редакциите на Медиа принт Македонија. Прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и хонорари продолжува, но и нашата подготвеност на конструктивна комуникација. ССНМ и штрајкувачките одбори уште еднаш потенцираат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ. Токму спротивното. Во заеднички интерес на сите е опстанокот и успешно работење на брендовите во чие што градење многумина кои денес штрајкуваат се вклучени со сиот свој професионален и човечки капацитет.
Mенаџментот упорно одбива средба со претставниците на штрајкувачкиот одбор . Тензиите се зголемуваат. Со тоа и неизвесноста. Зголемувањето на времето на штрајкот е директeн резултат на однесувањето на менаџментот.
Новинарите и медиумските работници денеска добија поддршка и од прогреснивните синдикати на УПОЗ, СИЕР, АГРО и СУДКОС.