Можности за новинарите да аплицираат низ светот во април

Сакате да ги проширите своите новинарски вештини, да додадете нова димензија или да добиете признание за вашата работа? Погледнете ги овие ветувачки курсеви, стипендии и конкурси со рокови во Април.

Награди на Society of Environmental Journalists рок: 1 април

Society of Environmental Journalists (SEJ) распиша конкурс за извонредно еколошко известување. Категориите вклучуваат извонредна сторија, извонредно длабинско известување, извонредна фотографија и најдобра еколошка книга. Победниците ќе добијат по 500 УСД на Годишната конференција на SEJ во Питсбург, Пенсилванија. За повеќе информации, кликнете тука.

Грантови на National Endowment for Democracy  Рок: 7 април

National Endowment for Democracy (NED) нуди грантови на независни медиуми, граѓански групи и други здруженија за проекти кои ја унапредуваат демократијата низ светот. Проектните предлози треба да бидат насочени кон промовирање и одбрана на човековите права и владеењето на правото, поддршка на слободата на информации и независните медиуми или промовирање на отчетност и транспарентност. Просечниот грант трае 12 месеци и изнесува околу 50.000 УСД. За повеќе информации, кликнете тука.

Награди за податочно новинарство Рок: 7 април

Секоја година, Global Editors Network (GEN) дава признание на најдоброто податочно новинарство во светот на церемонијата на Наградите за податочно новинарство во Виена. Категориите вклучуваат визуелизација на податоци, истрага, апликации за новински податоци и други. Десет победници ќе добијат по 1.801 УСД. За повеќе информации кликнете тука.

Предизвик 360о новинарство Рок: 10 април

Може ли 360° технологијата да се искористи за да се вклучи публиката и да се унапреди новинарството? Knight Foundation бара одговор на ова прашање со Предизвикот 360о новинарство. Фондацијата особено бара проекти кои ќе понудат лекции за новинарите и ќе ги поттикнат да размислуваат поинаки. Победникот добива 35.000 УСД за да тестира, рафинира и изгради проект. За повеќе информации, кликнете тука.

The Leica Oskar Barnack Award Рок: 10 април

Фотографи од целиот свет може да конкуриаат за да добијат до 25.000 ЕУР (26.618 УСД) и други награди во на овогодишната Leica Oskar Barnack Award. Пријавените треба да го претстават односот помеѓу луѓето и животната средина во секвенца од 10 до 12 слики. За повеќе информации, кликнете тука.

Фестивал Open City Documentary  Рок: 13 април

Фестивалот Open City Documentary бара документарци од различно времетраење и на различни теми кои ќе се прикажуваат на нивниот фестивал во Лондон овој септември. Наградите вклучуваат главна награда од жири, награда за најдобар меѓународен нов фим и награда за најдобар филм од Обединетото Кралство. За повеќе информации, кликнете тука.

International Photography Awards Рок: 30 април

Секоја година, International Photography Awards (IPA) им дава можност на фотографи од сите нивоа на стручност да добијат признание за својата работа. Дванаесет категории се отворени оваа година, од рекламирање и едиторијал до природа и луѓе. Ќе биде доделена главна награда од 10.000 УСД и неколку други парични награди. За повеќе информации, кликнете тука.