• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Работен состанок на раководството на ССНМ

Над две третини, односно 69,3 проценти од новинарите кои работат во дигиталните медиуми во Македонија би ја напуштиле професијата ако за тоа им се укаже подобра прилика, покажаа резултатите од истражувањето кое го спроведе Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), а кои беа презентирани на средбата на раководството на Синдикатот одржана во Маврово на 17 ноември. Истражувањето кое…

Повеќе

ССНМ на средба во СДК: Најголем проблем авторските права

Заштита на авторските права на новинарите и фоторепортерите е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат вработените во дигиталната редакција sdk.mk. На средбата на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со новинарите и уредниците одржана во редакцијата на СДК освен за овој проблем беше разговарано и за предизвиците на синдикалното организирање во услови на изумирање на…

Повеќе

Новинарите на НОВАТВ синдикално организирани

Новинарите на НоваТВ се првите меѓу дигиталните медиуми кои колективно станаа членови на ССНМ. На состанокот што беше одржан во просториите на Нова ТВ, меѓу претставници на ССНМ и менаџментот, како и со вработените беше разговарано за активностите на ССНМ, и потребата по синдикално организирање во интернет порталите. Во услови кога традиционалните медиуми изумираат и новинарството се пренесува на…

Повеќе

Дебата за иднината на дигиталните медиуми

Засилена саморегулација, влегување на дигиталните медиуми во Законот за медиуми, корегулација беа неколкуте идеи и предлози за тоа како да се дејствува во насока на подобрување на состојбата со дигиталните медиуми во Македонија кои беа искажани на дебатата на тема “Иднината на дигиталните медиуми” која што на 5 октомври во се одржа ЕУ инфоЦентарот, а беше организирана од Самостојниот синдикат…

Повеќе

ССНМ на средба со раководството на 360 степени

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис со директорот на 360 степени Васко Попетрески Основи за понатамошна соработка беа поставени на средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со раководството и новинарите на 360 степени. На средбата во просториите на 360 степени беше разговарано за важноста на значењето на медиуми како општествено одговорни компании, новинарските стандарди, етичкиот…

Повеќе

Договорен почеток на преговори за колективен договор во МИА

До крајот на февруари треба да биде потпишан протокол за текот на преговорите за колективен договор, е заклучокот од средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со раководството на Македонската информативна агенција (МИА). На покана на ССНМ на средбата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ССНМ се сретна и со вработените…

Повеќе

Проекти на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) во текот на своето неколку годишно постоење изработи повеќе проекти во функција на зајакнување на своите институционални капацитети, лобирање , едуцирање на своето членство и анализирање на актуелните состојби со работничките права на новинарите и медиумските работници. Како позначајни во последните години ги издвојуваме следните проекти:  LO-TCO е проект финансиран од Меѓународната…

Повеќе

Солидарност со дописниците!

Соочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат нашите колеги, новинари, фоторепортери и сниматели кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, ССНМ почнува акција за СОЛИДАРНОСТ СО ДОПИСНИЦИТЕ во период од 15- 21 септемви 2014. Ги повикуваме сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат солидарност така што во…

Повеќе

Првомајски протест

“Работниците не се робје”, “ Да го ослободиме штрајкот”,” Ден на отпор не на одмор”,”Новинари заедно за своите права”. Со овие транспаренти во рацете и со извици “Социјална правда” неколку стотини граѓани во Скопје со протест го обележаа 1 мај, меѓународниот ден на работниците. Протестот почна со собирот во Жена парк, од каде поворката продолжи пред Собранието на Македонија, Министреството…

Повеќе

Работилница во Маврово

Дваесетина новинари и медиумски работници од повеќе редакции   од  11 до 13 април во Маврово дебатираа за акциониот план  што би требало да го реализира Самостојниот синдикат на новинари врз основа на  наодите на “Белата книга” . Публикацијата  која беше објавена во март нотира неколку клучни теми што се проблематични за новинарите како цензурата, автоцензурата, проблемите на дописниците, на хонорарците,…

Повеќе
Scroll Up