Бескаматен кредит до 50.000 ден.

7Синдикатот на новинари и медиумски работници ССНМ  обезбеди можност за членови да користат бескаматен кредит во износ од 50 000 денари преку Капитал банка.

Земениот заем треба да се врати во рок од 15 месеци, а месечната рата, доколку се земе целата сума изнесува 3.333 денари. Банката не пресметува камата, а еднократно како провизија за обработка наплатува 5 000 денари За да се земе кредитот потребни се меница со менични изјави и изјави за задршка од плата. Колегите што ќе се одлучат да ја искористат оваа можност треба да имаат редовен работен однос или договор за определено работно време со најмалку една година стаж во организацијата каде што се вработени во моментот. За повеќе информации ssnm.info@gmail.com