Чоколадо VS. мед

Помина точно еден месец откако сум невработена. Татко ми вели дека во последниве две години имам сменето работни места колку што тој нема сменето во неговиот 42 годишен стаж како машински инженер. Тој вели дека знаел дека новинарството била турбулентна и авантуристичка професија, ама сега се почесто го слушам како вели „ќерко, а има ли […]

Но пасаран за “јавната расправа” и законот за медиуми

ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ и други медиумски организации во земјава, кои во моментот стојат на браникот на професијата, го бојкотираат процесот на носење на т.н закон за медиуми. Зошто? Прво, нацрт законот не беше даден на увид на медииумската јавност од страна на институциите. Потоа, по старата добра шема, се прави јавна расправа на-врат-на-нос, […]

Новинарството е поразено и јас сум дел од тој пораз

Не сакам, не можам, не ми дозволуваат моите човечки и професионални скрупули, моето севкупно животно и новинарско искуство, да бидам дел од овој актуелен македонскиот новинарски отпечаток. По четириесет години новинарска работа, новинарска борба, новинарска посветеност, новинарски ентузијазам, новинарски идеализам, не можам да си дозволам да бидам дел од сегашнава македонска новинарска историја. Вулгараната дневна […]

Зошто да се членува во ССНМ

Правење на синдикат во Македонија, е тоа ти е како да се обидеш да го исушиш Охридско езеро со фен за коса. Ова е извонредна прилика човек да се направи паметен, знаете да се врзи муабет за пет века турско, четири и пол децении комунизам кога работникот наводно беше владеачка класа и наместо со трошки, […]

Бавча со кромид

Во последниве години во жаргонот на македонското новинарство се устоличи ново, до скоро, непознато значење на зборот „кромид“ (по аналогија на американскиот сатиричен магазин „The Onion“). Имало во македонското новинарство и „новинарски патки“ (сега тоа се нарекува „спинување“), и „новинарски мечки“, и фрапантни грешки, и недоречености, и превиди… Како долгогодишен новинар, и самиот сум „автор“ […]

Што ли остана од професијата?

Што е новинарство денес?Нели и новинарите, сепак, се само живи луѓе кои иако пишуваат за туѓите судбини, имаат и своја. И нели се преживува само со пари.Или со многу пари. А, пак, кога  вреднуваш со пари, тогаш нема множење со факти. Е тука веќе станува нејасно: зошто тогаш се срамат од сопствената судбина на обични […]

Новинарите како глинени гулаби

  Медиумските работници се лесен плен на вандалите бидејќи немаат шлемови и оружје и нема да возвратат, а мора да останат за да го следат настанот. Kаменување, кршење опрема, ќотек и секојдневни закани трпат новинарските екипи во Македонија кои во последно време се честа цел на напади иако професионално си ја вршат работата. Медиумските работници […]

За берберите и новинарите

Во еден свој есеј Орхан Памук се навраќа на општествената, социјалната, па и политичката улога што во текот на историјата (би рекле до денес) ја играат – берберите и фризерите. Се разбира, освен берберската примарна улога да ви ја одржуваат фризурата и брадата, берберите (па и берберниците) се своевиден информативен центар за временски и спортски […]

Бланко-безобразие

Кога синдикален лидер ќе добие сомнително „спогодбено“ отказно решение со кое експресно ја губи работата, „обичните“ работници добиваат јасна порака – газдата е секогаш во право. Последниот случај со претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис, која ја изгуби работата врз основа на претходно потпишан бланко-отказ, по којзнае кој пат докажа дека иновацијата на работодавците за […]