Новите законски измени за хонорарците – социјална мерка или популистички маневар?

Многу често во македонската јавност се случува неосновано репродуцирање на еден став, а тоа е дека последната владеачка гарнитура, која ја води државата во последните осум и пол години е претежно социјално ориентирана, дека презема крупни социјални мерки, дека иако е десна и конзервативна се служи често со левичарски мерки во корист на најсиромашните. Имено, […]

ДОПИСНИЦИ: Дискриминирани во секој поглед

Без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, дописниците од внатрешноста се „новинари од втор ред“ во македонските медиуми Илчо Цветановски Без потребната опрема за непречено извршување на работните обврски, речиси двојно помалку платени, споредено со новинарите во редакциите, седум дена во неделата на работа […]

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ниските гранки на македонското новинарство

Истражување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и агенцијата „М – проспект“ за работничките и професионалните права на новинарите во Македонија Цензура, мобинг, несигурна работа, откази, низок економско-социјален статус – сето тоа е секојдневието на вработените во медиумите потврдува истражувањето што, за потребите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, го направи […]

Законот за медиуми не ги адресира вистинските прашања

Дебатата за медиумските закони, што од самиот старт е изместена, често се фокусира на бесмислени и лажни тези. Мора да се каже дека кога се говори за европска директива за аудиовизуелни услуги се мисли на синхронизирање на домашното со европско законодавство. Директивата се однесува на земји кои сакаат во ЕУ и навистина е срамота новинари […]

Слободата на медиумите не е прашање само на новинарите

Слободата одамна ја споредија со воздухот: колку ни е потребна и важна, дознаваме дури тогаш кога ќе ја снема. Денот на слободата на медиумите 3 мај нужно мора да биде посветен на сите оние што се повеќе сè задушуваат.Ако кажеме дека македонското новинарство минува низ досега најлоша криза, бројот  на оние што ќе речат дека […]

Чоколадо VS. мед

Помина точно еден месец откако сум невработена. Татко ми вели дека во последниве две години имам сменето работни места колку што тој нема сменето во неговиот 42 годишен стаж како машински инженер. Тој вели дека знаел дека новинарството била турбулентна и авантуристичка професија, ама сега се почесто го слушам како вели „ќерко, а има ли […]

Но пасаран за “јавната расправа” и законот за медиуми

ЗНМ, ССНМ, МИМ и ЦРМ и други медиумски организации во земјава, кои во моментот стојат на браникот на професијата, го бојкотираат процесот на носење на т.н закон за медиуми. Зошто? Прво, нацрт законот не беше даден на увид на медииумската јавност од страна на институциите. Потоа, по старата добра шема, се прави јавна расправа на-врат-на-нос, […]

Новинарството е поразено и јас сум дел од тој пораз

Не сакам, не можам, не ми дозволуваат моите човечки и професионални скрупули, моето севкупно животно и новинарско искуство, да бидам дел од овој актуелен македонскиот новинарски отпечаток. По четириесет години новинарска работа, новинарска борба, новинарска посветеност, новинарски ентузијазам, новинарски идеализам, не можам да си дозволам да бидам дел од сегашнава македонска новинарска историја. Вулгараната дневна […]

Зошто да се членува во ССНМ

Правење на синдикат во Македонија, е тоа ти е како да се обидеш да го исушиш Охридско езеро со фен за коса. Ова е извонредна прилика човек да се направи паметен, знаете да се врзи муабет за пет века турско, четири и пол децении комунизам кога работникот наводно беше владеачка класа и наместо со трошки, […]

Бавча со кромид

Во последниве години во жаргонот на македонското новинарство се устоличи ново, до скоро, непознато значење на зборот „кромид“ (по аналогија на американскиот сатиричен магазин „The Onion“). Имало во македонското новинарство и „новинарски патки“ (сега тоа се нарекува „спинување“), и „новинарски мечки“, и фрапантни грешки, и недоречености, и превиди… Како долгогодишен новинар, и самиот сум „автор“ […]