Грција: Новинарите штрајкуваат против предлог-законот за затворање на фондот за социјалнa заштита на медиумите

Четирите грчки партнерски организации на ИФЈ – JUADN, PFJU, ESIEMTH и ESPIT – во четвртокот започнаа тридневен штрајк по владиниот план за затворање на Фондот кој повеќе од 50 години обезбедува социјалнa заштита за новинарите и медиумските работници во Грција. Синдикатите велат дека оваа мерка е дел од економската ревизија на грчката влада. Меѓународната федерација на […]

Бараме санкции за полициската бруталност кон новинарите

ССНМ е згрозен од однесувањето на полицијата за време на синоќешните протести во Скопје во кои новинар и фоторепортер се повредени, а колегите биле влечени, бутани и кон нив се постапувало со непримерна сила и ароганција. Во ситуација кога десетици напади врз новинарски екипи не се расветлени, а сторителите не се пронајдени, синоќешните настани уште […]

Русија: Новинар ветеран избоден до смрт во неговиот стан

Новинарот ветеран Дмитри Тсиликин беше пронајден мртов во неговиот стан во Сенкт Петербург на 1 април. ИФЈ/ЕФЈ го осудуваат убиството и бараат од руските власти веднаш да започнат истрага. Според известувањата во медиумите, Дмитри Тсиликин, 54, се здобил со повеќе убодни рани. Се вели дека бил убиен најмалку два дена пред да биде пронајден. Неговиот […]

Обвинителството го толерира говорот на омраза на Неделковски

Основното јавно обвинителство во Скопје го одби барањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари (ЗНМ), за кривично гонење против Миленко Неделковски за ширење на говор на омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните. ЗНМ и ССНМ,  го обжалија ова решение и се надеваат дека Вишото јавно обвинителство објективно […]

ИФЈ и ЕФЈ бараат реакција на ЕУ во Турција

Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ), заедно со нивниот партнер – Синдикатот на новинари на Турција (TGS), денес побараа од лидерите на Европската унија да реагираат на медиумската опресија наметната од турските власти. Брифингот за новинари, кој го организираа двете федерации во Press Club во Брисел, следува откаку турските власти ја презедоа […]

Новинарка избркана од работа поради колумна за Јанкулоска

Новинарката во утринската програма на „Сител“, Кристина Атовска на 8. март годинава добила отказ од медиумот бидејќи два дена претходно напишала колумна во која ја критикува поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ова денеска го обелодени самата новинарка на пресконференција организирана од Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Конкретно ми беше кажано дека […]

Партнерите на ИФЈ во одбрана на еднаквоста

Ова се некои од активностите со кои партнерските организации на ИФЈ го одбележуваат Меѓународниот ден на жената 2016. Австралија: MEAA објави Mates over Merit? The Women in Media Report– Студија за родовите разлики во австралијските медиуми Германија: DJV одржа конференција „Жените ги прават вестите“ Frau Macht Medien“ на 12-13 март во Келн. Перу: ANPP одржува конференција […]

Новинарството е жртва на пржинскиот процес

  Прес на ССНМ (04.03.2016) Резултатот од пржинскиот процес за новинарите е следниов: Дополнително исплашени и малодушни новинари. Уште посилна офанзива за отстранување на неподобните кои досега успеваа да се одржат и покрај притисоците. Нови прегрупирања и поделби. Методот е веќе испробан и доведен до совршенство. Ситуацијата е таква што луѓето дури и да не […]

Се формира паралелен синдикат на новинари

Медиумите блиски до власта формираат нов синдикат на новинари, каде што дел од медиумските работници се принудуваат на членство и против нивната волја, тврдат за БИРН претставници од медиумите. Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираат дека „очигледно во тек е акција за формирање паралелна организација која, по теркот на Македонската асоцијација […]

Грција: 7-часовен штрајк за одржување на плурализмот во емитувањето

  Новинарите од цела Грција го прекинаа емитувањето на 11 февруари од 18:00 до 01:00 во знак на протест против планот на владата да го намали бројот на телевизиски лиценци во Грција на само четири национални комерцијални радиодифузери. Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ) и нивните грчки партнери (JUADN, PFJU, ESPIT и […]