CNN ја претставува новата платформа на виртуелна реалност

Новинарството брзо се менува. Медиумскиот предводник CNN со полна сила приклучи во битката за виртуелна реалност со официјалното претставување на CNNVR, нивната нова платформа за новинарство кое се доживува и виртуелна реалност.

Глобалниот тим на CNN ќе покрива настани во 360о видео формат од нивните редакции во Њујорк, Лондон, Хонг Конг, Сан Франциско, Дубаи, Јоханесбург, Токио и Пекинг. Првата ВР содржина е достапна сега и дава поглед од 360 степени на трчањето на биковите во Памплона, Шпанија.

Ова не е прв обид на CNN да се занимава со виртуелна содржина, и досега имаат креирано преку 50 стории во 360о видео формат, вклучувајќи ја и последната претседателска инаугурација. За да ја промовираат виртуелната реалност и  CNNVR, CNN создаде нова платформа на виртуелна реалност која работи со Android и iOS апликациите на CNN, десктоп компјутери и ВР слушалки, како и Samsung GearVR, Oculus Rift и Google Daydream.

Во интервју со Variety, лидерот на CNNVR и потпретседателот на CNN Џејсон Фаркас рече, „Додаваме трет слој, а тоа е ВР“ на телевизискиот и дигиталниот слој. Фаркас додаде, „Ако го изберете правиот настан, 360 во живо има навистина светла иднина.“

Иако квалитетот на ВР видеата треба многу да се подобрува за да стигне на нивото на традиционалното снимање и преносот во живо, тие секако нудат еден возбудлив начин да се доживеат актуелните настани. Ќе биде интересно да се види каков успех ќе има CNNVR и како ќе се прифатат ВР видеата во годините кои доаѓаат.

 (Извор The Verge)