Facebook и новинарството: пренос на моќта

Новинарската бизнис криза е добро позната, но по претседателските избори во САД станува сè поочигледно дека вистинската егзистенцијална криза за новинарството е отуството на неговото влијание. Лажните вести, губењето на доверба и намалувањето на приходите се знак за губењето на влијанието врз јавното мислење и политика. Н влијанието, како и енергијата, секогаш се пренесува но никогаш не се уништува. И неволните приматели на поместеното влијание кое некогаш го уживаше новинарството се технолошките компании кои сега управуваат не само со парите, туки и со вниманието на глобалната публика која ја служат.

Без Twitter и Facebook да ги распространат избледените пораки на новинските редакции и индивидуалните новинари, најголемиот дел од објавените вести ќе останат безгласни. Особено Facebook, кој во моментов е оклопот на новинската индустрија, неодамна ја прилагоди својата политика во однос на новинарството што во секој случај претставува огромно филозофско поместување за компанијата. Покажувањето на економска моќ е во природата на Facebook, но во однос на тоа како покажува влијание, компанијата сè уште учи.

Влијанието, како и енергијата, само се пренесува, но не се уништува.

Уште пред Трамп да ги помрачи сите други вести, Facebook почна да ја менува својата улога како извор на вести на изненадувачки и значаен начин. И Facebook и Twitter го стегнуваат начинот на кој ги уредуваат и презентираат топ вестите на денот на нивните платформи. Facebook ги претвора своите актуелни теми во одраз на она што е важно на сметка на она што е интересно и го менува својот алгоритам за да промовира вести кои се „автентични“ и не се „комерцијални“. Twitter, пак, ги консолидираше своите „моменти“ под ново Истражи јазиче кое содржи видеа во живо, актуелни теми и спакувани вести. Делумно, ова се конкурентни потези; но за Facebook, тие се почеток на согледувањето како дебатата за квалитетот на вестите по изборот на Трама ги води внатрешните одлуки околу вестите.

Од филозофска гледна точка, разликата помеѓу перцепцијата дека Facebook ги сортира актуелниите теми според лични преференции наспроти поширокиот интерес е огромна. Токму оваа тензија на тоа „кој избира“ доведе до превентивниот и непотребен состанок лани на Марк Зукенберг со уредниците на  десничарските новински организации, откако еден поранешен вработен откри дека тимот за собирање информации ги потиснал десничарските сајтови. Сосема е можно дека Facebook ќе ја смени и политиката на „човечка рака не ја допрела оваа вест“ и ќе започне да вработува „куратори“ (или уредници).

Постојат здрави комерцијални причини за политиката на отвореност и непристрасност. Ќе имате публика низ целата мрежа доколку покажете слики од бегалците на вашата конференција за развивачи како емпатичен симбол на конекција (како што направи Facebook) и сепак да го имате Питер Тиел на таблата. Истакнатите новински организации се свесни за овој императив. Цврстата објективност на многу метрополитски весници се развила од желбата да се задржи колку што е можно поголем број читатели од двете страни.

Како мрежи кои организираат, монетизираат или дисеминираат информации или „содржина“, нивната улога во информирањето на граѓаните, обликувањето дебати, собирањето податоци и соработката со или отпорот против владата не може да биде пооптоварена.

Највидливата точка на фрикција за многу технолошки компании, особено за Facebook и Twitter, останува нивната улога во уредувањето на јавната сфера. Она што следува е многу значајно за обете платформни компании и издавачите. Дали можат новите платформни компании кои ја публикуваат и уредуваат јавната сфера да останат политички неутрални? Можеби тоа е можно во услови на помалку поларизирани партиски политики, но под сегашнаа администрација, каде политиките целосно се оддалечуваат од мејнстримот, таквата аспирација е под огромен притисок.

По наредбата на Трамп за бегалците и имиграцијата, присилниот марш на технолошката индустрија за изразување на нејзините вредности и идеологии зеде замав. Како резултат, гледаме и до каде стигнала еволуцијата на концептот “секоја компанија е медиумска компанија“. Убер го запре штрајкот на таксистите на Џеј Еф Кеј и Лифт даде 1 милион долари на ACLU; Airbnb понуди бесплатно сместување за оние оставени во предворјето на пеколот, и Рид Хејстингс на Netflix беше видно изреволтиран кога ја нарече наредбата „неамериканска“. New York Times објави сторија неодамна за тоа како Google, во стилот на Трамп, агресивно ѝ се додворува на Републиканската партија – иако неговиот оснивач, Сергеј Брин, се појави на протестот на Аеродромот Сан Франциско како „приватно лице“.  Џеф Безос од Амазон и понатаму молчи, но тој и не мора ништо самиот да каже, бидејќи е сопственик на The Washington Post.

Дали ова значи дека може да очекуваме технолошките компании да станат поактивни во нивната поддршка на – или дури и да станат дел од – слободниот печат?

Во неделата наутро, кога претседателот по кој знае кој пат објави твит за тоа како не се согласува со одреден медиум, овој пат повторно Times, неговата изјава привлече многу помалку внимание. Не само затоа што тоа стана негова здодевна рутина, туку и бидејќи во вестите се случуваа поитни работи. Twitter бруеше со известувања во живо од протестите на аеродромите, размена на совети помеѓу новинари и правници и информации за приведените. Се објаснуваше уставното право, сенаторите се повикуваа да одговорат во реално време и протестантите се организираат преку Facebook, Twitter, Reddit и други форуми.

Новинарството се мачи да најде начин како да функционира без влијание. Facebook, кој го присвои тоа влијание, се мачи како да се справи со него.

Сега во таа воена зона влегуваат потенцијално многу помоќните платформи, кои почнуваат појасно да се идентификуваат како (непристрасни) издавачи. Ставот на еден Марк Зукенберг или Сергеј Брин ќе биде клучен фактор за начинот на кој нештата ќе се развиваат. Во моментов, нивните зборови и дела се внимателно избрани. Нивната моќ е голема, како и нивната загриженост за регулативата. Како мрежи кои организираат, монетизираат или дисеминираат информации или „содржина“, нивната улога во информирањето на граѓаните, обликувањето дебати, собирањето податоци и соработката со или отпорот против владата не може да биде пооптоварена.

Јавната загриженост која новинарите ја покажаа во нивната улога во „како да се покрива Трамп“ може да се толкува и како знак на поширока загриженост за отсуството на влијанието врз наративот и настаните. Новинарството се мачи да најде начин како да функционира без влијание. Facebook, кој го присвои тоа влијание, се мачи како да се справи со него.

Дали ваквото поместување на одговорностите и внатрешните приоритети во Facebook, Google и добие облик на подефинирана улога во поддршката на слободниот печат? Се чини веројатно, ако не и сигурно. Следете го ова сè позбиено место.