Меѓународна прес-картичка

Intl press cardСамостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како член на Меѓународната федерација на новинарите (IFЈ) започна со издавање на прес легитимации на своите членови.

Станува збор за документ што најголемиот број земји во светот, како и телата на меѓународните организации (вклучувајќи ги тука органите на Обединетите Нации, на Европската Унија и на НАТО) ја препознаваат повеќе од шест децении како релевантна новинарска легитимација. Таа подразбира и бројни попусти за транспорт, пристап до музеи,театри, изложби и други културни настани и инситуции. Прес легитимацијата има важност од две години и чини 1200 денари. Бројот на картичките што се издаваат во текот на февруари е ограничен и тие се доделуваат според принципот – прв пријавен прв послужен. Поединостите за тоа како да станете носител на оваа прес карта членовите на ССНМ можат да ги добијат во канцеларијата на Синдикатот, или на мејл ssnm.info@gmail.com.