Проекти на ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) во текот на своето неколку годишно постоење изработи повеќе проекти во функција на зајакнување на своите институционални капацитети, лобирање , едуцирање на своето членство и анализирање на актуелните состојби со работничките права на новинарите и медиумските работници. Како позначајни во последните години ги издвојуваме следните проекти:
logo LO-TCO е проект финансиран од Меѓународната федерација на новинари (IFJ). Неговата цел е да  го зајакне капацитетот во спроведувањето на работните активности и целите на организацијата.
Проектот „LO-TCO“ е реализиран со поддршка на Меѓународната федерација на новинари (IFJ).
Период на имплементирање  2012, 2013, 2014-та година.

 

britanska ambasadaПубликацијата „Бела книга“ произлезе од потребата за синтетизирање на најкрупните проблеми на македонскиот журнализам во засебен документ. Еден од резултатите на тоа созревање е токму оваа студија за работните права и професионалните стандарди на македонските новинари. Проектот „Бела книга“  е реализиран со поддршка на Британската амбасада во Македонија, Период на имплементирање 2013-та година.

 

imagesВо рамките на проектот„Солидарност за слобода“ спроведени се активности со цел подигање на солидарната свест кај новинарите, како и подобрувањето на имиџот на новинарството и новинарите во јавноста. Формиран е и Солидарен фонд за финансиска помош на членовите на кои таа им е потребна. Фондот се финансира од синдикалните активности, синдикалната членарина и донации. За оваа цел, издаден е и музички албум на новинарската група „Репортери“. Проектот „Солидарност за слобода“ е реализиран со поддршка на  Амбасадата на САД во Македонија. 
Период на имплементирање 2013 – 2014-та година.

 

rosa-mobilni„Прекарна работа во медиумите“ е студија иницирана од несигурната, непостојана, незаштитена и слабо платена работа на која се изложени новинарите. Анализата е спроведена во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Проектот „Прекарна работа во медиумите“ е реализиран со поддршка на Фондацијата Роза Луксенбург (RLS)
Период на имплементирање 2014-та година.

 

Capture v12„Мрежа 23“ е проект за создавање мрежа на граѓански организации за следење, евалуација, и застапување на политиките во рамките на Поглавјето 23 од пристапните преговори во ЕУ, правосудтво и темелни права. Проектот „Мрежа 23“ е реализиран со поддршка на Делегацијата на ЕУ – ИПА, во имплементација на Институтот за европска политика (ЕПИ). Период на имплементирање 2014-та година.
Проектот „Драфтирање на колективен договор за медиумската индустрија“, имаше за  цел да иницира дискусија и да ја постави на јавната агенда темата за потребата од колективно преговарање и Колективен договор за медиумската индустрија . Тој резултираше со нацрт – Колективен договор во чија што изработка учествуваа голем број новинари и медиумски работници.                                                                           Период на имплементирање 2015 година

 

Проектот „Работнички права на медиумските работниците“ резултираше со Стратегија за коминикација, зголемување на видливоста на ССНМ и преку тренинзи и средби создаде мрежа на обучени активисти и синдикални претставници кои  лобираат за подобрување на професионалните стандарди за работа на новинарите и медиумските работници. Период на имплементирање -2015 година

 

 

Во тек е имплементирање на проектите:

Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија.Проектот има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс. Активностите се поддржани од Еврпската Унија, преку проектот „РеФорМедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми и Мировниот институт од Љубљана. Период за имплементација октоври 2016-октомври 2017

Зад насловите е проект што ССНМ го доби како субгрантист на ЗНМ во рамките на проектот „Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ поддршан од ЕУ. Во фокусот на  проектот на ССНМ е создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите, наметнување во јавниот дискурс на важноста на слободата на изразување но и на почитувањето на професионалните стандарди.
Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.
Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна.