Попуст за регистрирање и технички преглед на возило

5
ССНМ обезбеди поволности за нашите членови при  техничкиот преглед на возило и дополнителни бенефиции од останатите услуги во станицата за технички преглед АСУЦ „Боро Петрушевски“.
Во поволностите кои следуваат при користење на комплетна услуга (технички преглед +  полиса) се вклучени:
–    15% попуст на цената на  техничкиот преглед и  на услугата.
–    Бесплатно перење на возилото
–    Бесплатна промена на предните диск плочки
–    Бесплатна промена на надворешни сијалички на возилото
–    Бесплатно дотерување на светлата и на рачната сопирачка
–    Бесплатна проверка на разладна течност и мотор
–    Бесплатна проверка на акумулатор
–    Бесплатно монтирање на регистарски таблички
–    Три бесплатни контролни прегледи на возилото
Секој член на ССНМ при користење на комплетната услуга во АСУЦ (технички преглед и полиса) добива вредносен ваучер од 2000 денари што може да се искористи за:
–    Автодијагностика со најсовремен мототестер
–    Промена на масло и филтер за масло
–    Промена на филтер за полен
–    Дијагностика на амортизери
–    Пет перења на возилото
–    Проверка на квалитетот на течноста од системот за сопирање
Тимот на АСУЦ се грижи сите членови на ССНМ услугата за регистрација и технички преглед на возилото да ја добијат на едно место. Потребните документи и клучот од возиилото се предаваат кај референтот за регистрација кој го завршува целиот процес.
На шалтерот на АСУЦ покрај референтот за технички преглед двосменски работи и Банка, референт на МВР и брокер за осигурителна полиса.
За користење  на попустот потребно е да се потврди членството во ССНМ со покажување на членската карта.