Бизнис модели кои можат да ја сметат иднината на новинарството

Дигиталната ера ги промени потрошувачките шеми и за возврат ги поремети традиционалините модели на рекламирање во весниците. Тоа ги натера медиумите да бараат иновативни начини за да останат профитабилни. Некои од овие стратегии веќе покажуваат дека новинарството ќе продолжи да егзистира во иднина. Подолу се некои од најнадежните модели за финансирање на квалитетно новинарство.

Спонзорирана содржина

Спонзорирана содржина се однесува на оригинални, автентични стории напишани за промовирање или рекламирање на компанија. Бидејќи спонзорираната содржина е релативно слична на новинарската сторија, на првата речиси секогаш стои ознака „спонзорирана содржина“. Медиумските куќи можат да ја искористат својата репутација за да создадат брендирани стории кои публиката поверојатно ќе ги сфати сериозно. Тоа пак привлекува компании да се рекламираат во новинските организации и многу добро функционира за поголеми публикации и понови медиуми.

Групно финансирање

Голем број публикации сега зависат од донации. Тоа стана поочигледно особено за непрофитните организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство. Додека некои медиумски организации ги повикуваат луѓето да донираат за поединечни новинарски проекти преку Kickstarter, други како The Guardian имаат инкорпорирано шеми за членство. Иако холандската публикација De Correspondent заработува преку претплата и ограничен пристап само за претплатници, новинскиот сајт беше основан со групно финансирање од 1,7 милиони долари (1,2 милиони фунти) што му овозможи да обезбеди плати за своите новинари. FrontPageAfrica, независен весник во Либерија, е финансиран од либериската дијаспора. Уреникот и основач Rodney Sieh имаше можност да известува проблемите со човековите права во Либерија благодарение на независноста која ја обезбеди групното финансирање.

Претплати

„Некој треба да плати за новинарството, или новинарството ќе треба да ја плати цената“ е популарен аргумент помеѓу издавачите секогаш кога се зборува за слободна новинска содржина. Весниците како The Information, кој е во целост заснован на модел на претплата, покажаа дека медиумските компании можат да преживеат со овој модел. Иако некои организации можат да добијат значителен приход од претплати, поголемите медиумски куќи како The New York Times не можат да се одржат само со претплати. Моделите на претплата се во голема мера зависни од таргетирање публика која не само што ја вреднува произведената содржина, туку е и подготвена да плати за неа.

 

Новинарство во живо

Благодарение на Facebook Live, Periscope и други платформи, новинарите сега имаат можност да ги презентираат нивните приказни пред публика во живо. Новинарството во живо им овозможува на новинарите да ги презентираат вестите на нови и интерактивни начини. Примери на медиумски компании кои се вклучени во новинарство во живо ги вклучуваат Globe Live на The Boston Globe and Gannett со својот Arizona Storytellers Project. Иако некои приходи доаѓаат од продажба на билети, се чини дека најголемиот дел е генериран од спонзорства. Во 2015 година, Arizona Storytellers Project донесе повеќе од $100.000 преку спонзорства.

Донатори

Овој вид финансирање доаѓа во различни форми, меѓу кои филантропска поддршка, владино финансирање и корпоративна одговорност. Amabhungane на Јужна Африка е финансиран од шест донаторски организации, со една третина од неговите трошоци покривани од The Mail и Guardian.

Филантропите редовно даваат големи донации за промовирање на добро новинарство. Еен пример е основачот на eBay, Pierre Omidyar, кој преку својата филантропска фирма обезбеди 100 милиони долари за поддршка на истражувачкото новинарство и борбата против лажните вести. Голем број влади сè уште финансираат национални или јавни весници. Добри примери се земјите како Франција и Норвешка, кои директно финансираат профитни медиумски компании. Корпоративната одговорност е уште една фора на финансирање која ја бараат весниците. Еден пример финансирањето на новинарството од страна на Facebook и Google како дел од нивната корпоративна одговорност. Главниот предизвик за овие компании е да обезбедат финансии без да бараат да вршат влијание.

Микроплаќања

Со микроплаќањата, читателите плаќаат мали износи за пристап до одредена статија. Blendle, холандска новинска платформа, во моментов работи по овој модел, со цена на поединечни статии од 10 до 90 центи. Во основа, тоа е iTunes на вести. Blendle ја лиценцира содржината од речиси секоја поголема новинска редакција во Америка и Европа. Нема реклами, нема заштитни ѕидови, и корисниците плаќаат само за статиите кои им се допаѓаат. Доколку на читателот не му се допаѓа статијата која ја прочита, може да побара да му бидат вратени парите.

Квалитетно новинарство

Една интересна причина зошто читателите на Blendle понекогаш бараат да им бидат вратени парите за одредени стории е поради нивниот квалитет. Сториите со полош квалитет кои се достапни секогаш и без надомест најчесто генерираат повеќе барања за рефундирање од длабинските текствои и анализи.

„Луѓето ќе платат за содржина која сметаат дека вреди за парите. Затоа, во Blendle, се анализира само квалитетното новинарство, пишува ко-основачот Alexander Klöpping.

„Истражувачкото новинарство исто така генерира реклами. Тоа го подигнува нашиот бренд,“ вели Jed Hartman, одговорен за приходите во The Washington Post, во статија на New York Times . „И други брендови сакаат да бидат поврзани со бренд од доверба.“ Новите издавачи сфатија дека лажните вести и информации кои ги преплавуваат социјалните медиуми ќе предизвикаат публиката да почне да бара алтернативни извори на сигурни вести и информации.

Mandla Chinula