Ескалира состојбата во ТВ НОВА

Повеќе колеги новинари кои сакаат да останат анонимни велат дека состојбата во телевизија Нова во сопственост на бизнисменот Кочан е драстично влошена и нема средства и за вршење на секојдневните работни задачи.Доколку нешто не се промени во наредниот период новинарите и медиумскиот персонал стравува дека ќе може да останат без работа, додека пак на ТВ Нова и се заканува и затворање. Оставка од позицијата уредник даде Гоце Михајловски кој на својот фејсбук профил напиша :„ТВ Нова функционираше нормално до почетокот на пролетта. Проблемите почнаа откако беше објавен случајот Труст на СЈО во кој меѓу осомничените е и Сеад Кочан. И покрај уверувањата дека тоа нема да се одрази на функционирањето, реалноста се покажа сосема спротивна. Доцнењето на платите веќе стана хроничен проблем, кој, како што читате, деновиве ексалира“…
ССНМ нема членови во овој медиум. Вработените во ТВ НОВА ги претставува Независниот синдикат на македонските новинари чиј што претседател е Градимир Марковиќ, уредник во таа телевизија.