ЕУ:Експертска група за лажни вести

Во вторник, на 29 август, Комесарот за дигитална економија и општество, Марија Габриел, најави дека планира да воспостави експертска група за лажни вести. Наодите на експертите може да помогнат во креирањето на нови законодавни решенија во однос на интернет пропагандата. Меѓутоа, таа рече дека е прерано да се зборува за цврст закон на ниво на ЕУ.

Европските земји и понатаму се чувствуваат загрозени од пропаганда и лажни вести, главно поради важните национални избори кои следуваат. Германскиот Канцелар Ангела Меркел е една од најострите критичари на руските пропагандни кампањи. Германија на почетокот на годинава усвои национален закон за одговорност на социјалните медиумите да отстрануваат незаконски содржини како говор на омраза. Можните нови европски закони во однос на лажните вести може да постават заеднички правила низ Унијата, што ќе помогне да се минимизираат разликите во начините на кои земјите-членки пристапуваат кон интернет пропагандата. Габриел истакнува дека интернет компаниите како Facebook имаат должност да се погрижат за проблемот. Соработката со истражувачи, медиуми и институции е важен фактор на обединетиот пристап против пропагандата. Основниот проблем би можел да биде тоа што провајдерите на социјалните медиуми тврдат дека тие не се одговорни за она што корисниците го објавуваат.