Затворска казна соодветна за напад врз новинари

Напаѓачите бегаат од местото на настанот

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) ја поздравува одлуката на скопскиот кривичен суд со која му се одредува казна затвор од шест месеци на лицето што минатата година ја нападна новинарската екипа на „А1он“.
Новинарот и снимателот на „А1он“ лани на 28 февруари беа нападнати додека известуваа од протестот на движењето „За заедничка Македонија“. Снимателот заврши на скопскиот Ургенен центар,бидејќи имаше посериозна повреда на главата.
ССНМ верува дека оваа одлука ќе придонесе да се стави крај на сѐ почестите напади врз новинарските екипи за коишто досега речиси и никој да не одговарал. Неказнивоста на овие напади беше и една од причините тие да се почести и новинарите и другите медиумски работници да станат лесна мета на насилниците.
Ги охрабруваме полицијата, обвинителството и судот да ги разрешат и останатите случаи на напади врз новинарите што се случија во изминативе година, зашто само така ќе заштити новинарската професија која е еден од столбовите на модерните демократски општества.