За ССНМ en

ССНМ е основан на 12 ноември 2010 година како резултат на дведецениската потреба за заштита на правата на медиумските работници.

Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници чиј скратен назив е ССНМ е доброволна, самостојна, независна и непартиска организација чија главна цел е застапување, претставување, унапредување и заштита на економските и професионални интереси на вработените во медиумите.

ССНМ е полноправна членка на  Меѓународната федерација на новинарите  IFJ  најголема организација на новинари во светот со 600 000 членови од повеќе од 100 земји и член на Европската федерација на новинари .

 

ЗА ШТО СЕ БОРИМЕ!

Да го вратиме и одбраниме достоинството на нашиот труд со битка за економските, социјалните и правата од работен однос.

За квалитетно и слободно новинарство кое не може да опстои во услови на сиромаштија, корупција и страв!

За подобрување на условите за работа и заштита при работа!

 

КАКО ДА СТАНЕШ ЧЛЕН

 

Според Законот за работни односи и според нашиот Статут членови на Синдикатот се оние професионалци кои пополниле ПРИСТАПНИЦА и кои редовно плаќаат членарина.Таа изнесува  150 денари месечно за редовно вработени, 80 денари за вработени со договор за дело, а невработените и пензионерите плаќаат симболично 50 денари месечно. Се плаќа преку плата или преку уплатница во банка, а од неодамна можно е да уплатите и во просториите на ССНМ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин 22/17

Податоците за уплата се

Назив и седиште на примач:ССНМ Скопје
банка на примачот:НЛБ Тутунска
Сметка број:210066586600189

цел на дознака:членарина за месец XY