Репортери без граници: Мало подобрување во Македонија

Во годинешниов извештај на Репортери без граници се бележи мало подобрување на степенот на слободата на медиумите во Македонија. За разлика до минатата земјава се придвижи од 211 на 209-тото место на скалата.
Во извештајот се констатира дека систематски напади на слободата на печатот биле постојана карактеристика на деценијата на владеењето на Никола Груевски и неговата партија ВМРО, која конечно заврши кога ВМРО ги изгуби изборите во јуни 2017 година.
„Падот на режимот на Груевски доведе до мало намалување на владината контрола врз медиумите, но сé уште е прерано да се биде сигурен во намерата на Владата да создаде трајно подобрување на ситуацијата“.
Репортери без граници и годинава констатираат дека нема значителни промени во економската состојба на македонските новинари, кои обично се слабо платени и со несигурни работни места.