ССНМ го поздравува пристапот на отвореност на информациите

ССНМ ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија за бесплатен пристап на истражувачките новинари до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недижностите и ја оценува како чекор напред во процесот за ослободување и подобрување на состојбите на медиумските и новинарски права.

Сметаме дека со оваа одлука на истражувачките новинари ќе им се олесни пристапот до информациите што ќе ја зголемат транспарентноста, отчетноста и општествената одговорност на носителите на јавните функции, но и на правните лица и ќе влијаат на намалување на корупцијата и злоупотреба на службената положба.

ССНМ се надева дека ваквата одлука истовремено ќе го поттикне и развојот на инаку дефицитарното истражувачко новинарство кое е има суштинска улога во обезбедувањето на информациите што се од интерес на јавноста.
ССНМ ја охрабрува Владата да продолжи во оваа насока и што поитно да подготви измени на Законот за пристап до информации од јавен карактер