• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

ССНМ и ЗНМ: Законот за стечајци ги опфати и новинарите од локалните радија

Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), го поздравуваат фактот што со последните измени на Законот за стечајци се опфаќаат новинарите од затворените локални јавни радио станици кои добија статус на стечаен работник и со тоа право на месечен надоместок до нивното пензионирање.

Со тоа делумно се исправи една голема неправда, со која се соочија нашите колеги кога преку ноќ се затворени десетици локални јавни радио станици, а тие останаа без работа и плата.

Министерството за труд и социјална политика ги уважи барањата на ССНМ и ЗНМ, чии претставници во август годинава се сретнаа со ресорниот министер, Мила Царовска.

На средбата претставниците на новинарските организации побараа новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со новиот Закон за стечајци.


Кога сте веќе тука... ...би можеле да го подржите ССНМ во напорот да обезбеди пристојни услови за работа на новинарите и медиумските работници. ССНМ се стреми да биде финансиски одржлив без проекти и своите активности да ги профилира според потребите на медиумската заедница. Кога сите кои сметаат дека нема квалитетно новинарство ако новинарите работат во услови на несигурност и сиромаштија би одвоиле мала сума, иднината и работата на ССНМ би била посигурна.
Затоа и 50 денари одвоени за таа цел се драгоцени. Поддржете го ССНМ!

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Scroll Up