Штрајк со глад на новинар во Србија

Основачот на згаснатиот весник „Врањске“ некогашен претседател на Независното здружение на новинари на Србија, Вукашин Обрадовиќ, соопшти дека започнал со штрајк со глад бидејќи сака да го сврти вниманието на новинарите и јавноста на, како што наведе, сета бесмисленост на борбата за слобода на медиумите која ја води во последните триесетина години. Тој се заклучи во просториите на весникот во центарот на Врање
Пред да се заклучи во просториите на „Врањске“, тој ги замолил колегите да излезат, истакнувајќи дека тоа е „негова борба“ и негов личен чин. Пред просториите се собрани колеги и пријатели, а се очекува и пристигнување на претставник на НУНС од Белград.
Собирот „Стојам зад Врањске“ ќе биде одржан вечер во 20:00 пред Владата на Србија, објавено е на Facebook страницата на Фондацијата Славко Чурувија.
„Не сакам да бидам патетичен, но ова е навистина очајнички потег на некој кој не гледа друг начин да ја заврши својата новинарска кариера а истовремено да задржи барем минимум самопочит и достоинство кое е неопходно за да се чувствува како човек, како човечко битие“, неведе Обрадовиќ во соопштението од е-мејл адресата на „Врањске’ еден ден откако е соопштено дека по повеќе од две децении тој весник престанува да постои.

Обрадовиќ додаде дека новинарството и „Врањске“ не може да се одделат од остатокот од неговиот живот и дека не сака да се сврти на другата страна и таа да го погази она за кое цело време се борел и да ги помести границите на слободата и демократијата во Врање и Србија.
„Немав, за жал, многу успех во тоа. Ни вие, ние јас. И време е да се соочиме со тој факт. Немам ниту илузии дека овој мој чин нешто ќе смени во оваа несреќна земја потоната во непочитување, аморалност, интелектуална и професионална проституција. Не сакам ни да изигрувам херој бидејќи не сум, пред сè, затоа што ужасно се плашам за иднината на моите, но и на вашите деца. Но, уште поголем ми е стравот што никако не можам да им помогнам. Не барам ничија помош ниту поддршка. Дури ќе ги сметам за лицемерни сите такви понуди. Бидејќи тогаш кога тоа беше смилено, наидував на затворени врати“, рече Обрадовиќ.
Тој додаде дека тоа е само чин на очаен човек, новинар, татко и сопруг, кој е немоќен да се соочи со реалност на која сите полека се навикнуваат.
“Токму од страв и самиот да не потонам во тоа бесмислено секојдневие и да го загубам она што единствено ми остана – човечкото и професионалното достоинство – се одлучив на овој чекор“, додаде Обрадовиќ.
Основачот на „Врањске“ додаде дека нема и нема да има било што да појаснува или додава на таа тема, и ја замоли јавноста да ја почитува неговата одлука.
По повод гаснењето на „Врањске’ и штрајкот на Вукашин Обрадовиќ реагираа и новинарските здруженија. Бирото за социјални истражувања соопшти дека гаснењето на неделникот „Врањске“ ја покажува потребата да се преиспита концептот во кој медиумите се доминантно пазарна работа, оценувајќи дека слободните медиуми се леб за демократијата. НУНС и ННВ оценија дека гаснењето на „Врањске“ е последица на долготрајните политички притисоци, а УНС изрази солидарност со Обрадовиќ и го повика да го прекине штрајкот.
Собирот „Стојам за Врањске“ ќе се одржи вечер во 20:00 пред Владата на Србија, објавено е на Facebook страницата на Фондацијата Славко Чурувија“. Овој весник со години ги истражуваше врските помеѓу политичарите, тајкуните и криминалците во Врање и околината. Нивните новинари примале небројни закани за смрт. Причината за гаснењето: сталните финансиски и политички притисоци на кои „Врањске“ повеќе не може да се спротивставува“, се наведува во повикот за Собирот.