10 заповеди

laconventionsimplifiee_libertedexpression

1

Не верувај! 

Никогаш немој слепо да му веруваш на раководството! Не прифаќај усни ветувања и барај сите права и обврски да ги добиеш во писмена форма. Отвори очи особено ако одиш во медиум во кој претпоставен е твој пријател! Односите се менуваат, позициите исто така, а вечен е само интересот. Затоа заштити го својот!

2

Проверувај!

И покрај потпишаниот договор сепак провери како и на колку време си пријавен и дали ти се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

3

Не потпишувај бланко документ!

Не наседнувај на приказната дека тоа „е вообичаена пракса“. Со потписот на бланко документ си ставен во најнеповолна можна ситуација и затоа доколку можеш  не се потпишувај ! Исто така важно е и да ги читаш сите документи што ги потпишуваш, дури и тогаш кога станува збор за копии. Во случај на уцена потпиши, но веднаш  јави се во ССНМ  за да те посоветуваат како да се заштитиш!

4

Осигурај се! Чувај ги документите!

Никогаш не го давај Договорот за работа на работодавачот. Тој може да го смени првиот лист и наместо на неопределено да излезе дека си вработен на определено време, да избрише одредби во твоја и да допише одредби во сопствена полза!

5

Информирај се! Ако не знаеш – прашај!

Законот за работни односи предвидува права кои работодавачот никогаш нема да ти ги даде ако не мора. На секој сопственик му одговара неинформиран работник кој ќе поверува во се што ќе му се каже. Немој да дозволиш да бидеш еден од нив! Синдикатот обезбедува правен совет за сите членови– користи го тоа свое право!

6

Делувај координирано!

Ако знаеш дека ти е прекршено правото од работен однос ,  пријави во Трудова инспекција или побарај синдикатот да го стори тоа за тебе. Не преземај акции на своја рака, извести го Синдикатот или синдикалниот претставник!

7

Биди солидарен!

Брани ги правата на колегите за тие да ги бранат твоите кога ќе бидат загрозени. Секогаш имало и ќе има штрајкбрејкери, но историјата на синдикализмот покажува дека тие кога – тогаш ја плаќаат цената што се на погрешната страна.

8

Обедини  се!

Надмини ги личните симпатии и несогласувања бидејќи сите во медиумската заедница имаме ист интерес: да бидеме добро платени и да имаме пристојни услови за работа независно од уредувачката политика и од тоа дали сме пријатели или не! Само силни и обединети можеме да настапиме заедно во барањата за своите права!

9

Охрабри се! 

Клучот за промените е ослободување од стравот! Ако чекаш да делуваш само кога успехот е загарантиран, големи се шансите дека никогаш нема да делуваш. Оние кои ја жртвуваат слободата за некаква моментална сигурност, на крајот ги губат и двете!

10

Придружи ни се!

Само со тебе можеме да победиме.