





Проектот „Работнички права на медиумските работниците“ резултираше со Стратегија за коминикација, зголемување на видливоста на ССНМ и преку тренинзи и средби создаде мрежа на обучени активисти и синдикални претставници кои лобираат за подобрување на професионалните стандарди за работа на новинарите и медиумските работници. Период на имплементирање -2015 година
Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија.Проектот има за цел да обезбеди ефикасна правна и колективна заштита на новинарите и медиумските работници, да едуцира и да го засили активизмот во одбрана на професионалните и работни права на новинарите и медиумските работници, да оспособи медиумски професионалци успешно да преговараат и да ги застапуваат и промовираат вредностите и интересите на професијата и да го зајакнат присуството на прашањето за работните и професионални права во медиумската индустрија како предуслов за професионално новинарство со интегритет во јавниот дискурс. Период на имплементација септември 2016 – спетември 2016
Зад насловите е проект што ССНМ го доби како субгрантист на ЗНМ во рамките на проектот „Новинарска мрежа за независни медиуми во Македонија“ поддршан од ЕУ. Во фокусот на проектот на ССНМ е создавање на медиумски содржини за теми поврзани со новинарите и медиумите, наметнување во јавниот дискурс на важноста на слободата на изразување но и на почитувањето на професионалните стандарди.
Со овој проект практично јавноста ќе има можност да стекне вистинска, реална слика и сведоштво кое стои зад насловите и штурите информации за отпуштања, затворања на медиуми, или декларативните повици за слобода на професијата.
Преку аналитички текстови и дебати што ќе ги следат на теми кои се од витално значење за професијата ќе се даде можност за јакнење на новинарската солидарност но и за размена на мислења и подобрување на дијалогот меѓу самите новинари од една и јавноста од друга страна.Период на имплементација септември 2016 – спетември 2016
„Професионално новинарство како јавно добро“ е проект кој ССНМ го доби како партнер на Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ поддржан од Европската Унија.
Делот од овој проект за чија имплементација е задолжен ССНМ ќе се фокусира на промовирање на медиумската писменост кај медиумските професионалци, односно подобрување на социо-економската состојба како предуслов за професионално известување. За промовирање на овие принципи како и подобрување на разбирањето на важноста на медиумската писменост и на работничките и други права на новинарите ССНМ во рамките на овој проект ќе одржи повеќе средби со менаџери на медиуми и медиумски професионалци, ќе издава електронска публикација во која ќе се обработуваат разни теми поврзани со медиумската писменост и правата на новинарите, ќе организира обуки за млади новинари, а предвидено е и доделување на награда за медиум кој ќе покаже најдобри практики во односот кон вработените и кон јавниот интерес.
Период за имплементација јануари 2018 – декември 2020.