Дебата за иднината на дигиталните медиуми

Датум

Засилена саморегулација, влегување на дигиталните медиуми во Законот за медиуми, корегулација беа неколкуте идеи и предлози за тоа како да се дејствува во насока на подобрување на состојбата со дигиталните медиуми во Македонија кои беа искажани на дебатата на тема “Иднината на дигиталните медиуми” која што на 5 октомври во се одржа ЕУ инфоЦентарот, а беше организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. На дебатата присуствуваа уредници и новинари од повеќе медиуми, како и МИОА Дамјан Манчевски. На средбата се разговарање за иднината на дигиталните медиуми, за разликите помеѓу псевдо и вистинските медиуми во онлајн просторот и за тоа каков треба да биде односот на медиумската заедница кон поединци кои го нарушуваат медиумскиот простор на интернет.

Воведно излагање имаа Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис, Претседателот на ЗНМ Насер Селани и Претседателката на СЕММ Катерина Синадиновска.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, рече дека овој настан е инициран од појавата на портали кои ја злоупотребуваат професијата и му наштетуваат на медиумскиот сектор со својата непрофесионалност.

„Потребно е да се дефинира улогата на новинарите со цел да се намали степенот на непрофесионалност. Крајно време е медиумските организации да ја започнат процедурата на саморегулација за да не се доведеме во состојба власта да донесе регулатива и за дигиталните медиуми, што според досегашните искуства доведува до опасност од злоупотреба од страна на властите за контрола на медиумскиот простор“, смета Чаусидис.

Претседателот на ЗНМ, Селмани смета дека нефункционирањето на институциите дополнително го зголемува проблемот и дека за најголем дел од проблемите со кои се соочуваат медиумите од сферата постојат закони.

„Потребно е судовите да ја усогласат својата пракса во полето на говорот на омраза, навредата и клеветата која варира од еден до друг суд, а мора да се работи на почитување на авторските права“, рече Селмани.

Претседателката на СЕММ Синадиновска, пак, во своето обраќање се фокусираше на етиката во новинарството и непочитувањето на професионалните стандарди од страна на лажните медиуми. Според неа, потребно е дефакторизирање на таканаречените псевдо медиуми и дека во тој процес на дефакторизирање не се важни само компаниите кои се огласуваат, туку потребна е и медиумска писменост, како и државен интервенционизам.

Бранко Геровски како претставник на Плус инфо ја застапуваше тезата дека и дигиталните медиуми како и сите други медиуми треба да бидат дел од законот за медиуми, односно да се изедначат со мејнстрим медиумите.

За Зоран Фиданоски, член на Советот на Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги законско уредување на интернет сферата во овој момент не е потребно. Тој смета дека треба да се даде акцент пред се на медиумската писменост на публиката.

Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми, пак, како можно решение ја спомена изработката на регистар на онлајн медиуми.

 

 

 

 

Останати
објави

Сподели на...