Договорен почеток на преговори за колективен договор во МИА

До крајот на февруари треба да биде потпишан протокол за текот на преговорите за колективен договор, е заклучокот од средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со раководството на Македонската информативна агенција (МИА).

На покана на ССНМ на средбата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска

ССНМ се сретна и со вработените во МИА на кои им беше претставен нацрт гранковиот колективен договор, им беа објаснети придобивките и обврските од неговото потпишување, како и начините и техниките на преговори. Беше договорено работодавачот и вработените да изберат свои претставници, односно преговарачки тимови и да се одреди динамиката на средбите. Ова ќе бидат први преговори за колективен договор во медиумската сфера надвор од Јавниот сервис, а на нив ќе учествува и ССНМ со свој претставник на страната на вработените. Се очекува преговорите да траат 60 до 90 дена.

На средбата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која го поддржа процесот и потенцираше дека е важно во колективното преговарање да бидат опфатени сите прашања релевантни за вработените и менаџментот

Comments

Leave a Reply

XHTML: You can use these tags: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>