• +389 70 843 318 +389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство денес (четврток) беа доделени во хотелот Александар палас во Скопје.

Првата награда на годинешниот конкурс за најдобра истражувачка сторија објавена во 2019 година му беше доделена на новинарскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија за сторијата со наслов „Урбани атентатори“ Ladder49.

„Она што е важно за оваа приказна е што има мултидисциплинарен пристап. На неа работеа млади режисери, аниматори и најважно млади новинари. Но, исто така е важна и соработката со државните институции, како и реакцијата на граѓаните“, рече Сашка Цветковска од ИРЛ Download Dangerous Pets.

Втората награда им припадна на Снежана Лупевска, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска автори на серијалот истражувања, дел од емисијата „Код“ со наслов „Кичевски убиства – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.

„Морам да кажам дека многу ни беше мачно кога ја работевме оваа сторија која бараше многу копање, контакти, патувања Stimulus Battlefield. Но, уште помачно му е на осуденикот, кој отслужува доживотен затвор затоа што и покрај сите овие наши истражувања и сторија не успеавме да го помрднеме правосудниот систем да ги прегледа сите овие докази кои ние им ги претставивме на гледачите“, рече по добивањето на наградата Серафиновиќ.

Третото место, односно наградата за истражувачка сторија со извонреден квалитет ја доби Петар Клинчарски од редакцијата „360степени“ за сторијата „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“ Mobile Battleground Amed Hack.

„Процесот на денационализација, како што видовме и во овој сегмент од сторијата изобилува со неефикасност, нестручност на институциите, а беше посочувано и на сомнежи и индиции за незаконско постапување и злоупотреба на моќта. Она што е најважно веројатно е немањето политичка волја за решавање на споровите поврзани со денационализацијата“, изјави Клинчарски по добивањето на наградата hmmsim routes.

Наградите на добитниците им ги врачи шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

„Оваа награда има за цел да ја препознае специфичната работа на истражувачките новинари преку годината Joker high definition download. Промовира слобода и одговорност. Слобода да се истражува и пишува за прашања од јавен интерест без страв – без страв од казна или притисоци. Одговорност, затоа што има одговорност и кај новинарите, особено кај истражувачките новинари – да ги применуваат највисоките професионални и етички стандарди во нивната работа и да се осигураат дека нивната работа е детална, авторитетна и заснована на факти и може да се спротивстави на секоја критика“, рече амбасадорот Гир на отворањето на церемонијата Oh my ghost 14 timesed.

За изборот на наградените истражувања задолжена беше тричлена жири-комисија составена од Весна Никодиновска од Македонскиот центар за медиуми, како претседател на жири комисијата, Милица Шариќ од Центарот за истражувачко новинарство на Србија и Марина Костова уредник во Сакам да кажам. Тие разгледуваа 11 стории кои го минаа процесот на пред селекција од 24-те кои пристигнаа на конкурсот 윤고딕 330 다운로드.

„Имавме голема одговорност пред нас. Трите стории за кои колку што е можно пообјективно решивме да бидат наградени ја содржат можеби најзначајната карактеристика на истражувачкото новинарство – „копање подлабоко“ и обелоденување на она што е под површината. На крај, сакам да ги охрабрам новинарите во Македонија, но и медиумите да продолжат да работат на истражувачки стории, бидејќи без разлика на тоа што сме преплавени со псевдо медиуми, дезинформации и слично, истражувачкото новинарство се уште се цени и повеќе од кога и да е им е потребно на нашите демократии кои се во развој“, рече во својата порака претседателката на жири-комисијата Никодиноска Projectlibre.

Севкупна цел на ЕУ наградите за истражувачко новинарство е да ги промовираат извонредните постигнувања на истражувачките новинари од Западен Балкан и од Турција, како и да ја подобрат видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во овие земји кај јавноста. На годинешниот конкурс со вкупен фонд од 10.000 евра можеа да аплицираат новинари од Македонија со стории од кој било формат објавени во текот на 2019 година it.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ги координира активностите поврзани со конкурсот во Македонија.

Овој текст е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е  целосна одговорност на ССНМ и не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.