Избрани синдикални претставници во ТВ Телма

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата за членство“ во партенрство со Меѓунардониот центар „Олаф Палме“, Шведска, на 06.10.2022 одржа средба со новинари и медиумски работници од ТВ Телма.

На средбата се дискутираше за улогата на синдикатот во зачувување и унапредување на работничките права и потребата од синдикално здружување.

Дополнително, се разви дискусија за одговорности и прививилегии на синдикалниот претставник, и кога и како може да се предлага иницијативи за преговари со менаџментот.

Во своето обраќање Перо Момировски, дел од канцеларијата на ССНМ потенцираше дека е потребно колегите да се сплотени.

Во вториот дел од средбата  Васил Трифуновски и Петар Догов беа избрани двајца синдикални претставници во ТВ Телма.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...