Крводарителската акција на ССНМ и ЗНМ денеска продолжи во Битола

Датум

Колегите ангажирани во медиумите во Битола се приклучија на хуманата постапка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на Здружението на новинарите на Македонија што вчера се одржа во Скопје. Потсетуваме акцијата успешно се одвиваше во Црвениот крст во главниот град, и беше во рамките на прославата на Светскиот ден на слободата на медиумите, а денеска доживеа продолжение со донација на крв од неколкумина новинари, фоторепортери, сниматели од битолските медиуми.

Акцијата на новинарите и медиумските работници во овие два дена му овозможи на Црвениот крст околу 40 единици крв.

Останати
објави

Сподели на...