На Попова Шапка започна серија обуки на ССНМ и РЕСИС

Датум

Во текот на викендот на Попова Шапка се одржа првата од неколкуте предвидени обуки кои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, на барање на своето членство, и во соработка со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија, ги обезбеди за оваа година.

Во комбинираната обука, на 10 јуни 2023 година во Хотелот Скардус беше одржана работилница од проектот Работнички права за независно новинарство на тема „Форми на раскажување во современото новинарство“, а ден потоа на 11 јуни 2023 година на истото место, и настан со наслов „Судбоносен триаголник: работникот, синдикатот и правата“.

На сесиите на Попова Шапка учествуваа новинари и медиумски работници од повеќе локални тетовски медиуми, како и други колеги од голем број информативни гласила од земјава. Тие на сесиите се стекнаа со нови професионалните вештини кои можат да им бидат од полза како надградбата и дополнение на постоечките знаења што во перспектива ќе им овозможи и конкурентност на пазарот.

ССНМ и РЕСИС остануваат на определбата и во иднина да организираат вакви обуки, а првата следна е закажана за 1 и 2 јули 2023 година.

Обуката е организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...