На 1 и 2 јули 2023 година во хотелот Градче во Кочани продолжи кампањата тренинзи што Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со РЕСИС и поддржан од Европската унија ги организира и одржува, и тоа на барање на членството. Нови 11 луѓе ангажирани во нашите медиуми можеа да учествуваат на работилницата на која професорот Здравко Савевски од ИССХС говореше на тема „Судбоносен триаголник: работникот, синдикатот и правата“, а основачот на Види Вака, Мите Кузевски предаваше на тема „Форми на раскажување во современото новинарство“.
Во Кочани колегите од различни медиуми и со различни професионални определби во нив, во текот на првиот ден, се стекнаа со нови сознанија за своите права, за делови од Законот за работни односи кои секој треба да ги владее и за формите на организација при обезбедувањето на неопходните работни услови. Во вториот ден од обуката во хотелот Градче беше одржано предавање за професионални надградби што на новинарите и медиумските работници треба да им овозможи унапредување на знаењата потребни за работа во медиумската индустрија.
Со оглед на интересот и позитивните ефекти ССНМ и РЕСИС имаат во план нови работилници, па следната ваква акција е предвидена за септември.
Обуката е организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“,спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумскиработници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.
Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.