Новиот Надзорен одбор на ССНМ на прва средба

Датум


Трендот на раст на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски
работници бара целосна посветеност и концентрација и на Надзорниот одбор
во кој од почетокот на месецот се избрани Сашко Димовски, Елисавета Бејкова
и Игор Стефановски. Трочлената комисија на 10.12.2022 го одржа првиот
состанот на кој го договори ритамот на следење на состојбите и финансиското
работење на канцеларијата на ССНМ.

Надзорниот одбор најавува дека ќе биде постојано присутен и дека ќе го следи
одвивањето на проектите и секако, непрекинато ќе бара да има увид во
начинот на трошење на средствата со кои располага ССНМ, особено од
членарините.

Останати
објави

Сподели на...