Одржана дводневна обука на тема „Дигитални алатки за подобрување на визуелното раскажување стории“

Датум

На 29 и 30 октомври се одржа дводневната обука на тема „Дигитални алатки за подобрување на визуелното раскажување стории“

Првиот ден во фокус беа предавање за тоа што е визуелно раскажување приказни,кои се алатки може да се искористат за да се раскаже приказна на овој начин, а учесниците на обуката имаa прилика преку вежби да ги применат истите.

Во неделата обуката започна со кратко резиме на претходниот ден, како новинарите да снимаат подобро видео за социјалните медиуми, техники на снимање со мобилен телефон и краток увод во монтажа.

На обуката тренер беше новинарот Александар Манасиев, а учествуваа 20 учесници од повеќе медиуми од земјава.

Тренингот е организиран во рамките на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, а поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме и проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...