Одржан вебинар за почитување и унапредување на работничките права во медиумите на тема „Зошто и за што работиме?“

Датум

Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), одржа вебинар на тема почитување и унапредување на работничките права во медиумите на тема „Зошто и за што работиме?“ на кои присуствува околу 20 новинари и медиумски работници.

Кристина Ампева, претседателка на ЗЗРП „Гласен Текстилец“, зборуваше на кој начин се кршат работничките права, особено во време на пандемиja, меѓу кои и, според „Гласен Текстилец“, последните предлог анти-ковид мерки од Комисијата за заразни болести кои се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права. Таа нагласи дека во месецеот кој следи нема да одминат злоупотребите при исплаќање на плата за годишен регрес (К-15) , затоа што некој оставил отворена врата за такви манипулации.

Ампева зборуваше и за најавите за покачување на минималецот, и дека е во ред еднаш се покачи минимална плата со политичка одлука. Меѓутоа, како што посочи, тоа долгорочно не е одржливо.

„Секогаш сме за покачување на минимална плата. Дополнително сме дел од глобални мрежи кои се борат за плата за живот. Плата за живот треба да биде одлука и на работодавачите и на државата, и да се стремиме кон тоа. Имавме
еднаш политичка одлука за покачување на минимална плата. Доглорочно не е одржливо“ додава таа.

Таа рече дека, при донесување на мерките, потребно е државата да соработува со повеќе синдикати и здрженија, а не само со еден Синдикат, или пак одлуките да се носат зад затворени врати.

На вебинарот зборуваше и Тамара Грнчорска, новинарка и членка на Извршниот одбор на ССНМ. Грнчароска е дел од ССНМ од неговото основање. Таа нагласи дека со тек на годините работите се смениле кон подобро, дека сè уште треба да се работи на подобрување на работничите права на новинарите и медиумските работници и дека борбата е постојана.

„Во поголемите медиуми работите стојат подобро и се порегулирани, но кај локалните медиуми и порталите подобрувањата на новинарите и медиумските работници оде побавно, нагласи таа.

Таа сподели дека од членството до ССНМ најчесто стигнуваат пријави што се поврзани со користење на денови од годишен одмор и К-15.

„Најголемиот проблем е регулирање на годишните одмори, регресот за К-15, кој или не се исплаќа или се враќа. Постојат и случаи, каде им се намалува плата, но и случи каде за да им се исплати регрес, следниот месец им се намалува платата, за да се намали трошокот што го имала фирмата за да го исплати регресот. Тие се главните проблеми во овој период. Има поплаки и на локално ниво, но таму бидејќи се помали медиуми, потешко е да се организира, рече Грнчароска.

Овој вебинар ССНМ го организира во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Останати
објави

Сподели на...