Отворен ден за фриленс новинари во канцеларијата на ССНМ

Датум

11 ноември (петок) беше отворен ден за фриленс новинари во канцеларијата на ССНМ и дискусија за потребата од регулација на статусот слободен новинар.

За вовед обраќање имаше Теодора Цветковска, членка на ИО, а ивестување за тековните обврски и случувања во рамки на работата на ССНМ Перо Момировски, проектен координатор.

На средбата беа претставени совети за преговарање на хонорарен договор , и членовите на синдикатот им објаснија на присутните што предвидува Законот за работни односи и како може да се заштитат во случај на прекршување на работничките права.

Учесниците на средбата потенцираа дека е тешко да се биде фриленс новинар во Македонија, со оглед на тоа дека со овој начин на работа не можат да се обезбедат константни приходи, од една страна, додека од друга страна, оние коишто работат како фриленс новинари немаат здравствено и пензиско осигурување.

Овој настан се одржа во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари

Останати
објави

Сподели на...