Охридските и струшките новинари и медиумски работници со поддршка за вмрежување на колегите од внатрешноста

Датум

На состанокот што претставниците на ССНМ и новинарите го имаа во Охрид на 14 јули 2023 година, од страна камерманите, новинарите и останатите од медиумската индустрија што работат во Охрид и Струга без задршка е поддржана идејата за заеднички настап на сите што се надвор до Скопје. Со таква формација би требало полесно да се дојде до посакуваните, а неопходни услови за работа, беше размислувањето на луѓето од сите медиумски профили.  

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на, веќе традиционалната, годишна средба со колегите од крајбрежјето се осврнаа и на регулацијата на медиумите, за која дел од присутните беа да оди со строги услови и без попуст за локаните, барем во делот на бројот на вработени, на враќањето на членот 102 односно сега 101, и тоа со целосна поддршка за ставот на ССНМ и на мапирањето на сите вработени и ангажирани во македонските медиуми, како најдобар начин да добиеме слика за целиот кампус.

Средбата беше организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, спроведуван од Самостоен синдикат на новинари и медиумскиработници во партнерство со РЕСИС, а поддржан од Европската Унија.

Ставовите и мислењата искажани на настанот не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на организаторот и учесниците.

Останати
објави

Сподели на...