Оценка на проектните активности на ССНМ за проширување на членството

Датум

На работна средба на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници одржана во Скопје, а во присуство и на членовите на Надзорниот одбор и на Статутарната комисија беше извршена евалуација на активностите на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, кој е поддржан од Меѓународниот Центар Олоф Палме.

На средбата која за цел имаше проверка и оценка, јасно нагласен и неподелен меѓу присутните беше ставот дека проектните активности во шесте месеци се извршени според преземените обврски, а тие беа од исклучителна помош во пристапот до ангажираните во нашите медиуми.

Серијата на средби, непосредни контакти и обуки што Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со помош на Меѓународниот центар Олоф Палме ги одржа во повеќе медиуми и градови, овозможи проширување на мрежата на членство и спроведување на стратегијата и програмите на ССНМ.

Присутните на евалуацијата на проектот „Подигање на свеста за работничките права во медиумите и проширување на мрежата на членство“, се согласија да се разгледаат можностите да се продолжи соработката со Меѓународниот центар Олоф Палме и во 2023 година, а беа предложени и дебатирани нови идеи за натамошно дејствување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.  

Останати
објави

Сподели на...