Секогаш е корисно да имаме можност да ја претставиме нашата работа пред претставниците на меѓународната заедница.
Денес ЗНМ и ССНМ се сретнаа со г-дин Геир Хакон Јохансен, заменик шеф на мисијата на Кралската норвешка амбасада во Белград и г-дин Кузминовиќ, советник и програмски службеник во Амбасадата.
Средбата ни даде извонредна можност да го претставиме напредокот на проектот „Побезбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“, имплементиран од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), финансиран од Балканскиот фонд за демократија, проект на German Marshall Fund на Соединетите држави и Кралската норвешка амбасада во Белград и можност да се слушне од г-дин Јохансен и г-дин Кузминовиќ за програмите на Кралската норвешка амбасада за унапредување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарот и социо-економскиот развој.